Разлика помеѓу преработките на „Глобално затоплување“

с
нема опис на уредувањето
с
с
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Внимание}}
[[Податотека:Greenhouse Effect mk.svg|мини|десно|300п|Дијаграм на настанокот на [[стакленички ефект|стакленичкиот ефект]]]]
[[Глобално затоплување|Глобалното затоплување]], кое се должи на [[ефект на стаклена градина|ефектот на стаклена градина]] е проблем поврзан со можните глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените [[стекленички гасови]] во [[атмосфера]]та. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое, пак би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.
Планетата Земја е опкружена од својата атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример [[јаглерод диоксид|јаглерод диоксид]], имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не и дозволуваат на [[Топлина|топлината]] да ја напушти планетата. Затоа тие гасови ги нарекуваме стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина.