Глас (фонетика): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Бот Додава: he:הגה (פונטיקה)
обновување, дополнување, викификација
Ред 10:
Фонетската симболика се запишува во [квадратни] [[загради]].
 
== Поделба на гласови ==
Гласовите во македонскиот јазик се делат на:
* самогласки(вокали);
* согласки(консонанти).
 
'''Самогласките''' се: [[а (фонетика)|а]], [[е (фонетика)|е]], [[и (фонетика)|и]], [[о (фонетика)|о]], [[у (фонетика)|у]], но понекогаш се користи и сонант [[р (фонетика)|р]]. Се изговараат со поширокото отворена уста, за разлика од согласките и тие ја вршат слоговната функција во јаизкот.
 
[[Р (фонетика)|Р]], има функција на [[самогласка (фонетика)|самогласка]], ако:
* се наоѓа меѓу две согласки;
* се наоѓа на почеток на збор и зад [[р (фонетика)|р]] има согласка;
* се наоѓа во состав на префикс кој зафршува на [[согласка (фонетика)|согласка]].
 
'''Согласки''' се гласови при чие изговарање воздухот во усната празнина наидува на помали или поголеми пречки при изговорот.
 
Во македонскиот литературен јазик има 26 согласки.
 
'''Поделба на согласки'''
 
1. Според начин на образување
{| class="wikitable"
|-
| преградни(избувливи)|| [[П (фонетика)|П]] || [[Б (фонетика)|Б]] || [[М (фонетика)|М]] || [[Т (фонетика)|Т]] || [[Д (фонетика)|Д]] || [[Н (фонетика)|Н]] || [[Њ (фонетика)|Њ]] || [[К (фонетика)|К]] || [[Г (фонетика)|Г]] || ||
|-
| теснински(струјни) || [[Ф (фонетика)|Ф]] || [[В (фонетика)|В]] || [[С (фонетика)|С]] || [[З (фонетика)|З]] || [[Ј (фонетика)|Ј]] || [[Ш (фонетика)|Ш]] || [[Ж (фонетика)|Ж]] || [[Х (фонетика)|Х]] || [[Л (фонетика)|Л]] || [[Љ (фонетика)|Љ]] || [[Р (фонетика)|Р]]
|-
| преградно теснински || [[Ц (фонетика)|Ц]] || [[Ѕ (фонетика)|Ѕ]] || [[Ч (фонетика)|Ч]] || [[Џ (фонетика)|Џ]] || [[Ќ (фонетика)|Ќ]] || [[Ѓ (фонетика)|Ѓ]] || || || || ||
|}
 
2. Според место на образување
{| class="wikitable"
|-
| уснени || [[П (фонетика)|П]] || [[Б (фонетика)|Б]] || [[М (фонетика)|М]] || [[Ф (фонетика)|Ф]] || [[В (фонетика)|В]] || || ||
|-
| забновенечни || [[Т (фонетика)|Т]] || [[Д (фонетика)|Д]] || [[Н (фонетика)|Н]] || [[Л (фонетика)|Л]] || [[Ц (фонетика)|Ц]] || [[Ѕ (фонетика)|Ѕ]] || [[С (фонетика)|С]] || [[З (фонетика)|З]]
|-
| венечни || [[Љ (фонетика)|Љ]] || [[Ч (фонетика)|Ч]] || [[Џ (фонетика)|Џ]] || [[Ш (фонетика)|Ш]] || [[Ж (фонетика)|Ж]] || [[Р (фонетика)|Р]] || ||
|-
| тврдонепчени || [[Њ (фонетика)|Њ]] || [[Ј (фонетика)|Ј]] || [[Ќ (фонетика)|Ќ]] || [[Ѓ (фонетика)|Ѓ]] || || || ||
|-
| меконепчени || [[К (фонетика)|К]] || [[Г (фонетика)|Г]] || [[Х (фонетика)|Х]] || || || || ||
|}
 
3. Според звучност
{| class="wikitable"
|-
| звучни || [[Б (фонетика)|Б]] || [[В (фонетика)|В]] || [[Г (фонетика)|Г]] || [[Д (фонетика)|Д]] || [[Ѓ (фонетика)|Ѓ]] || [[Ж (фонетика)|Ж]] || [[З (фонетика)|З]] || [[Ѕ (фонетика)|Ѕ]] || [[Џ (фонетика)|Џ]] || /
|-
| безвучни || [[П (фонетика)|П]] || [[Ф (фонетика)|Ф]] || [[К (фонетика)|К]] || [[Т (фонетика)|Т]] || [[Ќ (фонетика)|Ќ]] || [[Ш (фонетика)|Ш]] || [[С (фонетика)|С]] || [[Ц (фонетика)|Ц]] || [[Ч (фонетика)|Ч]] || [[Х (фонетика)|Х]]
|-
| сонанти || [[Р (фонетика)|Р]] || [[Л (фонетика)|Л]] || [[Љ (фонетика)|Љ]] || [[М (фонетика)|М]] || [[Н (фонетика)|Н]] || [[Њ (фонетика)|Њ]] || [[Ј (фонетика)|Ј]] || || ||
|}
 
== Гласовни промени ==
=== Едначење по звучност ===
Една од најкарактеристичните појави во македонскиот јазик е гласовната промена [[едначење по звучност (фонетика)|едначење по звучност]]. Таа се случува при допир на две согласки со различна звучност. Кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга различни по звучност тие се изедначуваат — или двете стануваат звучни или двете безвучни. Тоа зависи од звучноста на втората [[согласка (фонетика)|согласка]].
 
звучна + безвучна = две безвучни
 
б + безвучна = п, г + безвучна = к, д + безвучна = т, итн.
 
На пр.: близ + ка = блиска, пред + пријатие = претпријатие, од + скокне = отскокне
 
безвучна + звучна = две звучни
 
п + звучна = б, к + звучна = г, т + звучна = д, итн.
 
На пр.: сват + ба = свадба, гос + ба = гозба, с + града = зграда
 
Едначењето по звучност се бележи и кога зборовите се префиксираат, односно кога префиксот завршува со звучна [[согласка (фонетика)|согласка]], а зборот започнува со безвучна.
 
На пример:
 
зад + скрие = затскрие
над + превар = натпревар
под + свест = потсвест
пред + чувство = претчувство
без + куќник = бескуќник
из + чезне = исчезне
Овие префикси кога ќе се најдат пред зборови со исти согласки може или да се удвојат (оддава, раззелени, оттука, поттикне) или поради сраснатоста во зборот, едната да исчезне (одамна, бесмислен, бесмртен, исели, исече, расели, расече, расони).
 
Во неколку случаи едначењето по звучност не се одбележува:
* Кај гласот „[[в (фонетика)|в]]“ не се одбележува едначењето по звучност (во изговорот се изедначува и го изговараме како [[ф (фонетика)|ф]], но според правописот, пишуваме [[в (фонетика)|в]]):
 
На пр.: овца, вторник, мравка, бевте, читавте, Славка;
 
* Не се одбележува едначењето по звучност на гласот „[[д (фонетика)|д]]“ пред наставките: -ски, -ствен и -ство.
 
На пр.: судски, градски, охридски; производствен, следствено; судство, производство, соседство итн.
 
Не се одбележува едначењето на „[[д (фонетика)|д]]“ и пред множинската наставка -ци: предок — предци; крадец — крадци; очевидци, ороводци итн.
 
Исто така, не се одбележува едначењето на „[[д (фонетика)|д]]“ пред членската морфема -та: заповедта, жедта, исповедта.
 
* Пред членската морфема -та, не се одбележува едначењето по звучност и кај другите звучни согласки.
 
На пр.: надежта, скрбта, зобта.
 
* Не се бележи едначењето по звучност на гласот „[[г (фонетика)|г]]“ пред наставката: -ство и пред -пат: бегство, другпат.
 
=== Обезвучување на согласки ===
Обезвучување на согласки е кога на крајот на зборот звучната согласка преминува во безвучна и тука настанала говорна промена.
 
На пр.
* леб - леп;
* мраз - мрас;
* крв - крф;
* љубов - љубоф;
* праз - прас.
 
=== Редување на согласки и самогласки ===
Редување (замена) на согласки и самогласки е промена во коренот на зборот или во наставката при изведување нови зборови од ист корен или промена на форма на зборовите.
 
* роди - раѓа
* пренесе - пренос
* војник - војници - војнички
* воздух - воздушен
* монарх - монаси - монашки
* лист - ливче
* мост - мовче
* круша - крувче
* глусец - глувче
* фати - фаќа
 
=== Испуштање на самотласки ===
Испуштање на самогласки настанува при промена на форма по род, број и член
 
'''еднина -> множина'''
 
* агол - агли
* потомок - потомци
* метар - метри
* театар - театри
* петел - петли
 
'''машки род -> женски род'''
 
* низок - ниска
* ведар - ведра
 
'''нечленувана форма -> членувана форма'''
 
* реализам - реализмот
* лакот - лактот
* мирен - мирниот
 
=== Испуштање на согласки ===
 
* грозд - грозје
* лист - лисје
* радост - радосна
== Видете исто така ==
* [[Фонема]], збир гласови кои се когнитивно еквивалентни