Зелјесто растение: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|''[[Trientalis latifolia'' (Broadleaf Starflower) is a perennial herbaceous pla...
 
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
Едногодишните зелјести растенија целосно умираат по вегетативната сезона или кога ќе процветаат и родат плодови, по што од семето никнуваат нивни потомци.<ref>Levine, Carol. 1995. ''A guide to wildflowers in winter: herbaceous plants of northeastern North America''. New Haven: Yale University Press. page 1.</ref>
 
[[Стебло|Стеблата]] на зелјестите повеќегодишни и двегодишни растенија умираат по вегетативниот период, но извесни делови преживуваат на или под земја, опстанувајќи од една сезона во друга (кај двегодишните ова е до следната вегетативна сезона, кога процветуваат и умираат). Новите гранки и листови излегуваат од опстанатото [[растително ткиво|ткиво]] на или под земјата, како што се [[корен|корења]], стеблените задебелувања при основата и разни други видови на подземни стебла како [[луковица|луковици]], [[грутчеста луковица|грутчести луковици]], [[столон]]и, [[ризом]]и и [[кртола|кртоли]]. Примери за зелјести двегодишни растнија се [[морков]]от, [[пашканат]]от и [[крстенец]]от; зелјести повеќегодишни растенија се [[компир]]от, [[божур]]от, [[хоста]]та, [[нане]]то, највеќето [[папрат]]и и највеќето [[треви]]. За разлика од нив, незелјестите повеќегодишни растенија се [[дрвенесто растение|дрвенести растенија]] чии стебла се секогаш над земјата и опстануваат во живот низ сезоната на мирување, а следната година пуштаат фиданки од надземните делови. Такви се [[дрво (растение)|дрвата]], [[грмушка|грмушките]] и [[ползавец|ползавците]].
 
Некои релативно брзорастечки зелјести растенија (особено едногодишните) се пионерски или [[сукцесија|раносукцесивни]] видови. Дригите ја сочинуваат главната вегетација на голем број стабилни живеалишта, јавувајќи се или како приземни растенија во [[шума|шуми]]те, или во природно отворените [[живеалиште|живеалишта]] како [[ливада|ливадите]], [[сол]]ените [[мочуриште|мочуришта]] и [[пустина|пустините]].