Атомска маса: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 20:53, 30 јануари 2006

Атомската маса или релативната атомска маса е однос меѓу просечната маса на атомот на некој хемиски елемент и 1/12 од масата на нуклидот 12C.

Речиси сите атомски маси на елементите во периодниот систем растат одејќи и по група и по периода. Ова се должи на фактот што елементите во периодниот систем се подредени по растење на нивните атомски броеви. Со растење на атомските броеви, се очекува да растат и масените броеви и атомските маси. Сепак, поради тоа што елементите во природата постојат во вид на смеси од изотопи, постојат неколку исклучоци. На пример, релативната атомска маса на кобалтот е поголема од онаа на никелот, иако никелот има поголем реден (атомски) број.