Геном: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2+) (Робот: Додава tl:Genome
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Клеточната ДНК кај прокариотите е поредена во ''[[нуклеоид]]ниот регион'' (јадрениот еквивалент) кој не е одделен од остатокот на клетката со мембрана. Кај еукариотите, пак, наследната материја главно се наоѓа во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]], но постојат и мали количини на наследна материја и во некои цитоплазматични [[Органела|органели]], како што се [[хлоропласт]]ите кај [[растенија]]та и [[Митохондрија|митохондриите]] кај сите еукариотски групи.
 
Еукариотските клетки подлежат на циклична промена, одејќи од новообразувана клетка до клетка која се [[Делба на клетките|дели]] за да ја произведе следната генерација на прогенски клетки. Пред делбата, клетката е во [[интерфаза]]; за време на делбата, клетката е во делбена фаза. За време на интерфазата, јадрената ДНК е организирана во расфрлена мрежа од [[хроматин]], комплексно соединение што се состои од [[нуклеинска киселина]] и базни [[протеин]]и наречени [[хистон]]и. Веднаш пред и по клеточната делба, хроматинот се кондензира во повеќе структури наречени [[хромозом]]и. Поради ова, физичката организација на геномот е најразлична од интерфазата до делбената фаза. [[Вирус]]ите, како неклеточни[[бесклеточен организам|бесклеточни]] [[паразит]]ски формиоблици, имаат геноми од двоверижна ДНК, едноверижна ДНК, двоверижна [[РНК]] или едноверижна РНК.
 
== Вирални геноми ==
Ред 15:
== Прокариотски геноми ==
[[Податотека:Plasmid (numbers).svg|десно|thumb|Наследен материјал кај бактериите: 1. бактериски хромозом, 2. плазмиди.]]
Прокариотските геноми се состојат од еден хромозом и неколку дополнителни елементи. Хромозомот најчесто е во облик на кружна двоверижна ДНК молекула, но може да биде и линеарна молекула кај некои поголеми групи, како што се ''[[Streptomyces]]'' и ''[[Borrelia]]'' (причинител на болеста [[борелиоза]]). Дополнителни (екстрахромозомски) елементи кои содржат наследен материјал се [[плазмид]]ите (најчесто кружни молекули, со исклучок на [[актиномицети]]те и некои [[протеобактерии]]), како и елементите на [[Инсерциона секвенца|инсерционата секвенца]] (IS), [[транспозон]]ите и [[профаг]]ите (добиени од вирусите). Постојат и некои други разновидности во геометријата на хромозомите: на пример, повеќе кружни хромозоми се најдени кај некои организми. Комбинации од кружни и линерани хромозоми се наоѓаат кај други групи. Постојат дури и бактерии (како ''[[Streptomyces]]'') чии кружни и линеарни хромозоми имаат способност наизменично да се претвораат од кружнакружен во линеарналинеарен формаоблик.
 
Најмалиот бактериски хромозом, со само 580 [[Килобазен пар|kbp]] се наоѓа кај ''[[Mycoplasma genitalium]]'', додека најголемиот, со 9.200 kbp, се наоѓа во видот ''[[Myxococcus xanthus]]''. Репрезентативните примероци варираат помеѓу 2.000 и 5.000 kbp (на пример, кај ''[[Escherichia coli]]'' MG1655 има 4.649.221 bp). Еден типичен бактериски [[ген]] содржи приближно илјада базни парови. ''M. genitalium'' има приближно 470 гени, додека ''M. xanthus'' има повеќе од 10.000, а бројот на гени кај ''E. coli'' достигнува до околу 4.288.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Геном