Клуб Серо Портењо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
}}
 
'''Клуб Серо Портењо''' (на [[шпански јазик|шпански]]: Club Cerro Porteño ) е меѓу најпопуларните [[Парагвај|парагвајски]] фудбалски тимови. Тој е од населбата Обреро на главниот град [[Асунсион]].
 
Со 27 освоени титули во Парагвај тој се наоѓа на 2-ро место по тој показател веднаш зад [[Олимпија Асунсион|Олимпија]].
Ред 29:
Серо Портењо е основан на 1 октомври 1912 година од Сузана Нуњес и други млади студенти. Во тоа време, политичкиот живот во земјата е многу нестабилен, со континуирано непријателство меѓу 2-те водечки партии - Колорадската и Либералната. Како симбол на обединување и пријателството меѓу сите парагвајци основачите на тимот решаваат клупските бои да бидат во боите на двете партии - црвена (на Колорадската партија) и сина (на Либералната партија). Подоцна, за да може тимот да биде припокриен во боите на парагвајското знаме за боја на шорцевите е избрана белата.
 
Клубот е наречен на рид, крај кој Парагвајската армија постигнала една од најголемите свој победи. Битката се водела помеѓу Аргентинци, родени во [[Буенос Аирес]] (т.н. портењос ) во близина на ридот Мбае (на [[шпански јазик|шпански]]: Серо Мбае , а битката била позната како рид Портењо - или Серо Портењо ) на 19 јануари 1811 година. Иако не добиваат поддршка од Шпанците, чија колонија е земјата, парагвајците сепак успеале да надвладеат над Аргентинците.
"Серо Портењо" е познат како "тим на народот", бидејќи голем дел од неговите обожаватели се претставници на работничката класа, додека навивачите на вечниот непријател Олимпија се главно од погорните слоеви на општеството. Поради тоа се смета дека "Серо Портењо" е тимот со најмногу навивачи во земјата.