Дуглазија: Разлика помеѓу преработките
Создадена страница со: '''Дуглазија''' е зимзелено дрво од родот Pseudotsuga, од фамилијата борови - Pinaceae. Други по... |
(нема разлика)
|
Преработка од 10:43, 5 октомври 2012
Дуглазија е зимзелено дрво од родот Pseudotsuga, од фамилијата борови - Pinaceae. Други познати имиња се Дугласово дрво, Дугласова елка и Орегонски бор. Долго време се дебатирало околу бројот на видовите, но веќе се признаени два во западниот дел од Северна Америка и два до четири во источна Азија.
Вообичаеното име Дугласова елка е во чест на Дејвид Даглас (ирски: Дуглас), шкотски ботаничар кој за првпат го воведе P. menziesii во 1827 год., во Палатата Скун во Шкотска. Дугласовите елки не се вистински елки и не припаѓаат на родот Abies. Повеќето речници не ја препознаваат оваа разлика, со исклучок на Меријам Вебстер
Досега најпознат е широко распространетиот северно-американски вид на дуглазија Pseudotsuga menziesii. Тоа е многу високо (до 100 м.) и брзорастечко иглолисно дрво од пацифичките подрачја на Северна Америка. Листовите се игловидни, меки, со сочна зелена боја. Шишарките се провиснати, кафеави со покривни лушпи подолги од плодните. Тоа е вид со квалитетно дрво и со многу голем растежен потенцијал. Досегашните резултати од нејзината адаптација во Македонија се многу охрабрувачки.