Монблан: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: [[Image:MontBlancPlane.JPG|thumb|250px|Поглед на јужната страна на Мон Блан во ноември, од авион на релација Пар...
(нема разлика)

Преработка од 13:08, 24 март 2008


Мон Блан (фран. Mont Blanc = Бела Планина) (итал. Monte Bianco = Бела Планина) е планина во Алпите со највисок врв во Западна Европа од 4.808м.

Поглед на јужната страна на Мон Блан во ноември, од авион на релација Париз-Торино, со глечерите Бруљар (лево) и Френеј (десно).

Планината се протега помеѓу регионите на долината Аоста во Италија и Високи Савои во Франција. Врвот Мон Блан се наоѓа на границата помеѓу двете земји, иако и едната и другата сакаат да го цртаат на картите како свој. Последен договор за границата е оној помеѓу Франција и Кралството Сардинија кајшто границата е определена на највисоката точка на Мон Блан[1].

Планината е популарна за планинарење, алпинизам и скијање. Најпознати центри се Шамони и Курмајер.

Референци