Лист (ботаника): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ml:ഇല
дополнување
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{| align="right"
'''Листот''' е [[Вегетативни органи|вегетативен]] [[Растенија|растителен]] [[орган]] во кој се врши процесот [[фотосинтеза]]. Листовите најчесто може да бидат ''прости'' или ''сложени''.
[[Податотека:Dugla15a.jpg|thumb|250п|Игличест лист на [[дуглазија]] (''Pseudotsuga menziesii'')]]
|}
{| align="right"
[[Податотека:Lisc lipy.jpg|thumb|250п|Дорзовентрален лист на [[липа]] (''Tilia'' sp.)]]
|}
'''Листот''' (''мн.'' '''листови'''; ''зб. мн.'' '''лисја''') е [[Вегетативни органи|вегетативен]] [[Растенија|растителен]] [[орган]] чија основна функција е процесот [[фотосинтеза]]. Поради ова, по правило, листот има ламеларна (пластовидна) структура, за да можат клетките кои го содржат специјализираниот пигмент [[хлорофил]] во [[хлоропласт]]ите, да добијат пристап до сончевата светлина. Листот е и орган за дишење, испарување и [[гутација]] (одделување на капки вода) на растението. Лисјата можат да задржат вода и хранливи материи, а кај некои растенија исполнуваат и други функции.
 
== Анатомија ==
[[Категорија:Ботаника]]
 
По правило, листот се состои од следните [[Растителни ткива|ткива]]:
 
* ''Епидермис'' - слој од клетки кои го заштитуваат од штетното дејство на средината и непотребното испарување на вода. Многу често епидермисот е препокриен со заштитен слој од восочна материја ([[кутикула]]);
* ''Мезофил'' или ''паренхим'' - внатрешно богато со хлорофил ткиво кое ја исполнува основната функција - фотосинтеза;
* ''Жилки'' или ''„нерви“'', кои се образувани од спроводните снопчиња, а се состојат од спроводни садови и ситести клетки, служат за пренос на водата, растворените соли, шеќери и механички елементи;
* ''Стоми'' - специјални комплекси од клетки сместени најчесто на долната површина од листот; преку нив се одвива испарувањето на водата и гасната размена.
 
=== Епидермис ===
 
[[Епидермис]]от е најнадворешниот слој од повеќеслојната структура на клетки и го препокрива листот од сите страни; тој е гранична област меѓу листот и околната средина. Епидермисот има неколку важни функции: го заштитува листот од непотребно испарување, ја регулира гасната размена со околната средина, ги оддава материите од метаболизмот, а во некои случаи апсорбира вода. Повеќето листови имаат дорзовентрална анатомија: горната и долната површина на листот се со различна градба и исполнуваат различни функции.
 
Епидермисот обично е проѕирен (во неговата градба отсуствуваат хлоропласти или се присутни во недоволно количество) и однадвор е прекриен со заштитен слој со восочна структура (кутикула), кој го спречува испарувањето. Кутикулата на долниот дел од листот е обично потенка отколку на горниот, а е подебела во [[биотоп]]ите со сува клима (за разлика од оние биотопи каде нема недостаток од влага).
 
Во состав на епидермисот влегуваат следните типови на клетки: ''епидермални'' (или ''движечки'') клетки, ''заштитни'' клетки, ''помошни'' клетки и ''[[трихоми]]''. Епидермалните клетки се најмногубројни, крупни и најмалку приспособени. Кај [[монокотиледони]]те тие се поиздолжени отколку кај [[дикотиледони]]те. Епидермисот е прекриен со пори наречени [[стоми]], кои се дел од поголем комплекс што се состои од вакви пори опколени од сите страни со заштитни клетки со хлоропласти, како и од две до четири странични клетки во кои нема хлоропласти. Овој комплекс го регулира испарувањето и размената на гасови меѓу листот и околната средина. По правило, бројот на стоми на долниот дел од листот е поголем. Кај многу видови на површината на епидермисот се образуваат трихоми.
 
=== Мезофил ===
 
Најголем дел од внатрешноста на листот, меѓу горните и долните слоеви од епидермис, се состои од [[паренхим]] (основно ткиво) или [[мезофил]]. Мезофилот се состои од хлорофилсинтетизирачки клетки, па затоа се употребува и називот ''хлоренхим''.
 
Кај папратите и голем дел од цветните растенија мезофилот е поделен на два слоја:
 
* Горен ''палисаден слој'' од густо наредени, вертикално расположени клетки кој се наоѓа под горниот епидермис; дебелината му изнесува од еден до два реда клетки. Клетките од овој слој содржат многу повеќе хлоропласти за разлика од подолниот сунѓерест слој. Долгите клетки со цилиндрична форма обично се поредени во еден до пет слоеви. Наоѓајќи се блиску до границата на листот, тие се расположени оптимално за да добијат сончева светлина. Малите празнини меѓу клетките се резервоари за [[Јаглерод диоксид|јаглеродниот диоксид]], кој оттаму се апсорбира во листот. Овие празнини треба да се доволно мали за да го одржат [[Капиларни појави|капиларниот тек]] на пренос на водата. Растенијата мораат да ја прилагодат својата структура за оптимално добивање светлина во различни природни услови, како изложеност на Сонце или сенка - листовите изложени на Сонце имаат многуслоен палисаден слој, додека тие на сенка (како и старите листови и тие што се наоѓаат блиску до земјата) имаат само еден слој.
* Клетките од долниот ''сунѓерест слој'' се поретко наредени поради што сунѓерестото ткиво има поголема внатрешна површина благодарение на развиениот систем на меѓуклеточни простори, кои се поврзани меѓусебе, но и со стомите. Реткиот распоред на клетките во сунѓерестото ткиво игра важна улога во размената на гасовите [[кислород]], јаглерод диоксид и водната пареа.
 
[[File:Leaf Tissue Structure.svg|center|600px|Дијаграм на градбата на листот]]
 
Листовите најчесто може да бидат ''прости'' или ''сложени''.
 
[[Категорија:Растителна морфологија]]
 
{{Link FA|de}}