Петранка Костадинова: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 5:
Појавата на Петранка Костадинова, во македонската народна песна, беше онаа врзивна нишка, што го дава континуитетот на фолклорното творештво со новосоздадената музика. Всушност, нејзината појава е врзана со почетоците на авторизација на песните пишувани во духот на народната староградска песна. За првпат таа ги има испеано песните на Наско Џорлев, "Не кажувај либе добра ноќ" и "Во Струмица на улица", пред речиси триесет и пет години. Оттогаш, Петранка Костадинова во својот репертоар ги има испеано речиси сите македонски народни бисер- песни, но како и секој вреден интерпретатор, има барем една песна што се врзува за неговата интерпретација. Нејзина песна беше "Кирјана", иако не помалку знаеше да ги растрепери срцата и со "Ја излези стара мајко", "Едно малој моме", "Трај душо трај"... Во својата триесетгодишна кариера, Петранка учествуваше на речиси сите фестивали за новосоздадена песна, што се создаваа во Македонија, од кои ќе останат запаметени песните: "Леонид со мајка вечера" од првото "Валандово", "Мајсторе, мајсторе", "Две калинки", "Слушни ја сестро песната", "Мајка", дуетот со Ѓоко Дончев- "Името не го даваме", хумористичната песна испеана со Ленче Кукиќ- "Една куќа, две жени"... Парадоксално во кариерата на Петранка Костадинова е што и покрај богатиот репертоар и секогаш инспиративната интерпретација, никогаш нејзиниот глас не беше издаден на некаков носач на звук.
 
Речиси сиот свој живот Петранка Костадинова била слободен уметник, иако својот живот го заврши како членка на Ансамблот за народни песни и игри "[[Танец" (ансамбл)|„Танец“]]. Ненаметлива, скромна, приврзана за семејството, иако со својата песна го имаше минато речиси целиот свет, Петранка Костадинова, секогаш се потпирала само на својот неоспорен пејачки талент.
 
На 04.02.2002 година, познатата пејачка загина во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје. Пред несреќата таа се враќала од пробите пред претстојното овогодинешно издание на фестивалот на патриотски песни „Гоцефест“. Петранка и во смрт заминала со песна. Цел ден пеела дома и во 14 часот од дома заминала во МРТВ повторно да пее, сé до 18 часот, до трагичниот настан на раскрсницата кај "Мавровка".