Виши растенија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава ar, az, ca, cs, da, en, eo, es, fa, fr, gl, he, hu, it, ja, kk, ko, lb, nl, no, pl, pt, sl, sr, sv, th, tl, tt, uk, vls, zea, zh
дополнување
Ред 37:
 
Големото разнообразие на условите за живот на копното го објаснува неверојатното богатство на форми кај растенијата. Но без разлика на разновидноста на надворешниот изглед, за сите виши растенија е карактеристичен еден тип на полов процес ([[оогамија]]) и две варијанти од еден тип на смена на јадрените фази или „смена на генерации“ (хетероморфен циклус на развиток во кој преовладува или [[спорофит]], или [[гаметофит]]). Во сите случаи, двете генерации - гаметофит и спорофит - се разликуваат морфолошки, цитолошки и еколошки. Во еволуцијата на речиси сите оддели на виши растенија (со исклучок на мововидните) во циклусите на развиток преовладува спорофитот.
 
== Мововидни растенија ==
{{Details|Мововидни}}
Среде вишите растенија најпримитивна градба поседуваат мововидните (''Bryophyta sensu lato'') - кај нив отсуствува корен (а има [[ризоиди]]), додека кај црнодробните мовови, роговниците и неколку [[јунгерманиеви мовови]] отсуствува поделбата на лист и стебло - тие се јавуваат како [[талус]]ни организми (какви што се и алгите или [[лишаи]]те). Стоматалниот апарат е крајно примитивен, спроводен систем не е развиен, а спроводната функција ја обавува [[паренхим]]от.
 
== Васкуларни спорови растенија ==
{{Details|Спорови растенија}}
Таканаречените васкуларни спорови растенија, каде припаѓаат папратите, членестостеблените, ликоподиумовите и псилотовите, имаат доволно развиен спроводен систем (васкуларен систем), кој се среќава во стеблото, листот и коренот. Но, тие сè уште се силно зависни од водната средина, бидејќи поседуваат слободен гаметофит и половото размножување кај нив протекува со учество на камшичести [[сперматозоид]]и, кои не можат да опстојат надвор од водна средина.
 
Ако мововидните и васкуларно-споровите растенија се сметаат како една група, за неа понекогаш се употребува збирниот термин „[[виши спорови растенија]]“.
 
== Семени растенија ==
{{Details|Семени растенија}}
Важен еволуциски чекор на патот на освојувањето на копното од страна на растенијата било појавата на [[Семе|семињата]] и обвивката на [[полен]]от. Благодарение на тоа што гаметофитот на овие растенија (составен само од неколку клетки) целосно е сместен во обвивка која не дозволува губење на влага, растенијата биле во можност да ги освојат пустините и ладните области.
 
Кај некои голосеменици и практично кај сите цветни растенија, во спроводните структури се јавуваат садови и ситести клетки - шупливи спроводни елементи кои се состојат од ѕидови на изумрени клетки, поради што нивните спроводни системи функционираат мошне ефективно.
 
== Наводи ==