Министерство за надворешни работи на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Министерството за надворешни работи{{Политика на Република Македонија''' е министерство во Владата на Република Македонија. }}
'''Министерството за надворешни работи на Република Македонија''' е министерство во Владата на Република Македонија задолжено за управување со односите со други земји.
 
Корените на македонската дипломатска активност, во поширока смисла на зборот, датираат уште од раните фази на борбата за национална афирмација и државност. Тие активности, чии носители се истакнати македонски интелектуалци кои живееле и работеле во светските престолнини, имале за цел пронесување на вистината за Македонија пред меѓународната јавност.
Ред 18 ⟶ 19:
:30.11.2001 – 01.11.2002 г-дин Слободан Чашуле
:01.11.2002 – 26.08.2006 д-р Илинка Митрева
:26.08.2006 – денес м-р Антонио Милошоски
 
==Цели и приоритети на надворешната политика==
 
Република Македонија преку надворешна политика- на билатерален и на мултилатерален план - ги промовира своите национални вредности и интереси. Европската и Трансатланската интеграција е витален интерес за долгорочната стабилност, безбедност и благосостојба на Република Македонија.
 
* Промоција на Република Македонија како држава кандидат за членство во НАТО, активно учество воспставената институционална рамка – Партнерство за мир. EAPC, имплементација на Акциониот план за членство во НАТО, со цел создавање на услови поканата за членство да се реализира на НАТО Самитот во 2008.г. Членството на Република Македонија во НАТО ќе значи долгорочна стабилност и безбедност не само за Балканот, туку и за Евро-атлантскиот регион во целина и почеток на финализацијата на концептот за Европа, целовита, слободна и во мир.
 
 
* Интензивирање на активностите сврзани со исполнување на неопходните критериуми и нивна презентација со цел донесување на одлука од страна на ЕУ за добивање датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ. Како земја-кандидат за членство во ЕУ, Република Македонија во процесот на пристапување гради внатрешно-правни механизми, инструменти и капацитети за хармонизација со правото на ЕУ во оваа област и за остварување активен придонес во развојот на ЗНБП и ЕБОП.
 
 
* Континуирано јакнење на стратешкото партнерство со САД и развивање на сестрани партнерски односи со земјите членки на ЕУ и НАТО, при што Република Македонија посветува особено внимание на односите и соработката и со останатите значајни актери на меѓународната сцена, пред се со Руската Федерација и со Народна Република Кина.
 
* Република Македонија во односите и соработката со државите од непосредното соседство промовира добрососедство и пријателство и готовност за сестрана соработка во повеќе области од заемен интерес. Добрососедските односи како еден од приоритетите во надворешната политика на Република Македонија претставуваат наша изворна определба, средство за јакнење на меѓусебната доверба и, едновремено, комплементарен фактор на пристапниот пат на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.
 
 
* Градење сестрани односи на соработка меѓу Република Македонија со сите држави од поширокото соседство - како на билатерален план, така и во рамките на регионалните иницијативи и проекти. Република Македонија активно придонесува во градењето на односи на безбедност, стабилност и соработка во Југоисточна Европа, партиципирајќи во постојаните иницијативи за регионална соработка во целиот регион на Југоисточна Европа.
 
 
* Република Македонија континуирано е ангажирана на унапредување и натамошно збогатување на односите со демократски определени држави со кои има во голема мерка традиционално добри и развиени односи.
 
 
* Република Македонија активно учествува во работата на сите значајни меѓународни организации, како на глобално ниво – ОН и специјализираните агенции, СТО, така и во регионалните - ОБСЕ, Советот на Eвропа и др. , како најефикасен начин за заштита на светскиот мир и безбедност од глобалните закани на денешнината: тероризмот, пролиферацијата на оружје за масовно уништување, организираниот криминал, зачувувањето на здрава животна средина, справувањето со економските и социјални проблеми, (не-) почитување на човековите права и друго.
 
 
* Развивање на активна економска надворешна политика во функција на интензифирање и квалитативно збогатување на билатералните економски односи со државите од регионот, Европа и целата мегународна заедница.
 
 
* Поаѓајќи од значењето на националниот идентитет и вредностите на македонскиот народ за суверенитетот, самостојноста и безбедноста на државата, Република Македонија придава особена важност на промоцијата на националниот, културниот и духовниот идентитет надвор од границите на Република Македонија.
 
 
* Грижа за положбата на македонските заедници кои живеат надвор од државните граници и за подобрување на правниот статус и третманот на Македонското Национално Малцинство во другите држави, согласно меѓународните договори како и склучените билатерални спогодби и договори.
 
 
* Учество во мировни мисии (ОН, НАТО, ЕУ) во поддршка на мир, безбедност и стабилност.
 
 
 
==Надворешни врски==
[http://www.mfa.gov.mk/default.aspx?ItemID=238 Интернет страница на Министерството за надворешни работи]