Црква „Св. Спас“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
 
== Градба ==
 
Во дворот се влегува низ тешката и опкована дабова порта и во него доминира едноставниот камен [[саркофаг]] во кого се сместени посмртните остатоци на големиот македонски револуционер и борец за слобода [[Гоце Делчев]] (1872-1903).
[[Податотека:Sv.Spas-Skopje-charshija.JPG|thumb|250px|left|Поглед на источниот ѕид на црквата]]
Ред 37 ⟶ 36:
 
== Иконостас ==
 
Црквата Св. Спас е особено значајна поради својата мошне убава уметничка резба во која е изработен [[Иконостас|иконостасот]], владичкиот престол, проповедниците, певниците и постолјето за целивање на икони.
 
Ред 43 ⟶ 41:
 
Според својата конструкција иконостасот се дели на пет хоризонтални појаси: постолје, галерија на престолни икони, архитрав, атика и акротерија. Резбата на конструкцијата е поинаква од оние делови што треба да ги исполнуваат рамните површини и празниот простор. Но, сите овие делови се поврзани со надолжни и попречни врски во дрворез и на тој начин се добива една конструктивна целина.
 
 
Мотивите на иконостасот, според сликарските прирачници, се позајмени од Светото писмо. Но, декоративниот елемент на разни сцени од Светото писмо не останал никогаш осамен, сето тоа е поврзано со лисја, цвеќиња, животни, и понекогаш со мотиви на геометриски орнаменти. Така, во сплетот на лисјата, цвеќињата, животните и геометриските орнаменти, е извајана Светата легенда со ликови од народот, понекогаш во мијачка народна облека. Такав е случајот со Соломеа во сцената Иродовата гозба, или пак случајот со Аврамовата жртва во Лозјето Господово. Богатството од разновидните мотиви и композиции од билниот и животинскиот свет, проткаено со геометриски орнаменти, работени во длабок релјеф и вплетени во композициите по текстот на Светото писмо, дава на показ богатство коешто сосема личи на кујунџиските изработки. Оттука, сето тоа прилега на огромна арабеска од тантела, каде што ни еден дел од ореовината не останал необработен; се трепери, и оддалеку делува мошне пријатно, извонредно.