Разлика помеѓу преработките на „Капан ан“

Додадени 3 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
Капан ан бил изграден во втората половина на 15. век, по наредба на третиот отомански управител, [[Иса-бег]]. За прв пат се споменува во [[вакуфнама]]та на [[Јаја-пашина џамија|Јаја-пашината џамија]] во 1506 година. Низ историјата, одиграл голема улога во развојот на сообраќајната трговија, бидејќи претставувал место во коешто преноќувале трговски патници од многу далечни места. Анот бил разрушен со земјотресот во 1555 година, а потоа и во пожарот од 1689 година, по што бил реконструиран на доста попрост начин, со дрвена конструкција, а од првобитниот изглед се зачувани само неговите долни делови.<ref name="Капан ан">[http://www.ii.edu.mk/predmeti/mm/20052006/mmproekti/skopje_stara_charshija/znamenitosti-kapan-an.html Капан ан], Проект „Стара скопска чаршија“.</ref> Како [[ан]] работел сè до [[Втора светска војна|Втората светска војна]].<ref name="Османлиски споменици"/> Во земјотресот од 1963 г., објектот, речиси, целосно бил разрушен и бил обновуван во периодот од 1971 до 1973, по што бил повторно пуштен во употреба во 1974 година. Денес, во него се сместени дуќани, меани и деловни канцеларии.<ref name="Капан ан"/>
 
== Архитектура ==
Објектот претставува правоаголна градба со површина од 1.066 m<sup>2</sup>, којашто однадвор е целосно затворена и содржи голем квадратен двор во внатрешноста.<ref name="Ayverdi">Ayverdi Ekrem Hakki, Avrupa’da Osmanlx Mimarx Eserleri. Yugoslavya, lll cild, 3. kitab, Istanbul, 1981.</ref> Има вкупно 44 простории, кои служеле за сместување на патниците и трговците со нивните каравани. Собите биле подредени во низа и распределени на приземјето и катот, од сите четири страни. На катот има дрвен [[трем]] на сите четири страни, на чии дрвени столбови е подигнат кровот. Кон анот водат два влеза, на јужната и северната страна, во кои се влегува преку дрвени врати.<ref name="Капан ан"/> Делот од чаршијата околу анот бил наречен Капан чаршија, а пред анот имало и чешма наречена Капан чешма.<ref name="Ayverdi"/>