Брз трамвај: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Koki2008 (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 56:
== Брзиот трамвај во Скопје ==
{{Главна|Трамвајски превоз во Скопје}}
Според најавата на Град Скопје, во 2013 година во Скопје е планирано да започне изградбата на класичен трамвајски систем. Многубројни се критиките од стручната и пошироката јавност дека овој концепт за јавен транспорт е крајно недоволен за град од големината на нашата престолнина, како и за адекватно задоволување на транспортните потреби на градот. Дел од критиките се насочени кон начинот со кој се води проектот, нетранспарентноста на самиот процес, сомнителната стручност на анализата направена од страна на унгарската компанија Виалто консалтинг и др. Поголемит дел од несогласувањето доаѓа заради фактот што според концепцијата на Градот, Скопје ќе добие трамвајски шински систем на третата (жолта) лента на градските булевари, кој нема да биде независен и нема да има предност на крстосниците, при што цело време ќе ја дели трасата со автомобилите, кои во Скопје се често непрописно паркирани. Недостигот на возачка и пешачка култура создава претпоставки за голем број на несреќи, со што трамвајскит систем ќе стане бавен, нередовен и со тоа само ќе ги превземе проблемите на постоечкиот автобуски транспорт, наместо да ги реши. Клучен сегмент во проектот наречен брз трамвај во Скопје е планираниот тунел под плоштадот Македонија, кој ефективно ги премостува и избегнува гужвите во центарот на градот од Соборниот храм се до комплексот банки. За жал во концепцијата и тендерот на Градот Скопје, неговата изградба не е планирана, со што трамвајскиот превоз во Скопје комплетно се обесмислува. На интернет форумот за архитектура и урбанизам build.mk веќе подолго време се дискутира за можните решенија, при што може да се прочитаат голем број на применливи и потребни за Скопје идеи. За жал комуникацијата со надлежните е едносмерна и истите немаат никаков слух за ваквите предлози.
 
{{transport-stub}}