Елешец: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ev-la (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ev-la (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Постои голема веројатност Елешец да бил населен уште во најстарите времиња. Како потврда за ваквата можност треба да послужат поволните услови за живот, археолошките докази за населби во непосредна близина и народните преданија.
 
Според народното предание, некогаш во Елешец постоело старото село Елшани, чии жители поради различни причини се иселиле во блиската околина и така се создале денешните села: Елшани, [[Пештани]] и [[Коњско]].
 
До средината на 20-тиот век просторот околу денешната населба Елешец бил користен само за стопански дејности: земјоделство, сточарство и риболов. Подоцна, некои од жителите на Елшани решиле да слезат поблиску до езерото каде почнале да ги градат своите нови домови.
Ред 9:
Меѓувремено, Елешец го привлекол вниманието и на други луѓе, кои посакале своето слободно време да го минуваат токму тука. Меѓу првите такви „доселеници“ биле политичарите [[Лазар Колишевски]] и [[Лазар Мојсов]], како и писателот [[Славко Јаневски]].
 
Населбата има околу стотина куќи, од кои постојано населени се само дваесетина. Повеќето жители се од Елшани, а само 3-4 семејства потекнуваат од соседното Пештани. Поради малубројното население, населбата нема изградено свои институции (црква, училиште и сл.).
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Елешец