Летни олимписки игри 2012: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 114:
* Во [[стрелаштво]], [[Кимберли Роуд]] од САД победила во дисциплината стрелање глинени гулаби и го освоила својот трет златен и вкупно петти медал на Олимписките игри. Со тоа, таа станала првата жена која освоила три златни медали во стрелаштво и трет натпреварувач воопшто, по [[Ралф Шуман]] од [[Германија]] и [[Џин Џонг-ох]] од [[Јужна Кореја]].
* Тениските натпревари на терените на Вимблдон ги одбележала Американката [[Серена Влијамс]], која oсвоила два златни медали, поединечно и во двојки. На тој начин, таа станала првата тенисерка по [[Штефи Граф]], којашто успеала да освои „Златен Гренд Слем“, т.е. победи на сите Гренд Слем турнири и златен медал на Олимписките игри. Машкиот дел од турнирот бил одбележан со најдолгите два натпревара во Олимписката историја; златниот медал го освоил [[Енди Мареј]] со победата против [[Роџер Федерер]] во финалето.
* Љубителите на [[атлетика]]та биле срушенисведоци на четири нови светски рекорди, меѓу кои и рекордот во женската штафетна трка на 4 х 100 m. Имено, штафетата на [[САД]] ја завршила трката во време од 40,82 s, што било за 55 стотинки подобро остварување од дотогашниот рекорд на штафетата на [[Источна Германија]], стар 27 години.
* [[Јусејн Болт]] победил во трките на 100 и 200 m, како и во штафетната трка на 4 х 100 m, со што станал првиот атлетичар којшто успеал да ги одбрани титулите во овие трки освоени на претходните Олимписки игри.
* Во атлеткската трка на 400 m, златниот медал го освоил 19-годишниот [[Кирани Џејмс]] од Гренада, кој на својата земја ѝ го донел првиот медал од Олимписките игри.