Демократска Федерална Македонија: Разлика помеѓу преработките

с
нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
 
[[Првото заседание на АСНОМ]] формира свој [[Президиум]], кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран [[Методија Андонов - Ченто]].<ref>[http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=55C78CD2E66E334188B3C8C0077BF605 www.sobranie.mk], На 2 август 1944 година, [[Методија Андонов Ченто]] е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на '''Демократска Федерална Македонија''', која подоцна е именувана како [[Народна Република Македонија]].</ref>
 
Територијата на државата била поделена на народни одбори, околии и општини како облици на локална управа и самоуправа.
 
Излегува првиот број на весникот „[[Нова Македонија]]“. Донесена одлука за основање на [[Учителска школа Скопје|Школата за народни учители]]. Формирана е [[Народната библиотека „Климент Охридски“]]. Формирана е [[Македонската филхармонија]]. [[Божиќните настани на Скопското Кале]]: одредени единици одбиваат да заминат на [[Сремскиот фронт]] и наместо тоа сакаат да се оди на [[Солун]]. Формиран е [[Македонскиот народен театар]]. Се одржува [[Првиот црковно-народен собор]] за обновување на [[Македонската Православна Црква]]. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на [[македонската азбука]]. Од печат излегува првиот македонски буквар.