Металика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 49:
Во [[2003]], Metallica го издале нивниот долго одлаган осми студиски [[албум]], насловен ''[[St. Anger]]''. Иако албумот го поларизирал критичкото и јавното мислење, нивната турнеја ''[[Madly in Anger with the World]]'' од 2004 год. била голем успех, како и документарниот филм ''[[Some Kind of Monster (филм)|Some Kind of Monster]]'' поврзан со снимањето на истоимениот албум. Овој албум бил проследен со многу контроверзи и негодување од фановите поради смената на музичкиот правец и изоставање на гитарските соло делови. Ни музичките експерти не го дочекале со воодушевување новиот музички правец на бендот. И покрај сите јавни критики и остри коментари на нивна сметка, истоимената песна од албумот, "St. Anger" добила [[Греми]] награда во 2004 год. По напорните две години во кои снимиле нов албум и направиле светска турнеја, 2005 била година за одмор на Металика. Одржале само два концерти таа година, додека остатокот го минале во кругот на нивните најблиски.<ref>Eonline ''"Принц : Кралеви на турнеите"''[http://www.eonline.com/News/Items/0,1,15594,00 Metal News]</ref>
 
[[Податотека:Metallica Rotterdam 2009.jpg/701px-Metallica Rotterdam 2009.jpg|мини|десно|Концертот во [[Ротердам]], 2009 год.]]
=== Death Magnetic (2008-2011)===
Во 2006 год. беше обзнането дека Боб Рок првпат во 15 год. нема да продуцира студиски проект на оваа група, туку таа одговорност ќе ја преземе Рик Рубин. Во 2008 година излезе и последниот досега албум на Металика насловен како „[[Death Magnetic]]“ на кој се појави и третата „верзија“ на познатата песна „The Unforgiven III“. Албумот беше меѓу првите 5 најпродавани музички ЦД-а за таа година, со тоа што во првите три дена успеа да продаде 490 илјади копии. Со тој потфат, Металика стана првиот бенд во модерната музичка историја со пет последователни број 1 албуми. Три години подоцна, за време на јубилејот 30 години од основањето на бендот, Металика ги објавија и четирите песни кои не се најдоа на ова ЦД, како мини-албум насловен ''Beyond Magnetic''. Во декември 2011 год. прославија 30 години успешна кариера со 4 последователни концерти, каде како специјални гости се појавија [[Дејв Мастејн]] (поранешен член), [[Џејсон Њустед]] (поранешен член), Скот Јан (гиратист на Антракс), Џони Буш (вокал на Антракс) [[Ози Озборн]], Апокалиптика, Дајмон Хед и други големи имиња од [[хеви метал]]от.<ref>Ticket News ''"Металика испиша историја со 'Death Magnetic'"''[http://www.ticketnews.com/news/Metallica-makes-history-with-Death-Magnetic-sales9822375 Ticket News]</ref>