Еминем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 33:
 
=== 1992-1997: Тешките почетоци ===
Првиот допир со [[рап]]от го почувствувал за време на маалските фристајл двобои, каде тој самиот земал активно учество. Бил забележан од браќата Марк и Џеф Бас, кои му дозволиле да го сними својот прв [[албум]] во нивното студио ''Bassmint''. Албумот се викал ''Infinite'', а со него Еминем се обидувал да го пронајде својот [[рап]] стил и тоа како сакал да звучи на [[микрофон]]от. Овој период од кариерата бил музичко созревање и обид за оформување на својата [[хип хоп]] [[поезија]]. Овде се зачетоците на подоцнежната соработка со Royce da 5'9", кога во 1998 год. ја снимиле траката ''Bad Meets Evil'', чиј наслов подоцна ќе го искористат како име на групата. Песната ќе се најде како претпоследна нумера на наредниот соло [[албум]] на Еминем.<ref>''„Биографија на Еминем“''[http://www.biography.com/people/eminem-9542093 - БиографииBiography наof славни личностиCelebrities]</ref>
 
Освен соло кариера, Маршал се посветил и на работа со неговата група од [[Детроит]], Д12. Групата се состоела од шест членови, меѓу кои биле Еминем и петте негови најблиски другари од детството. Целосното име на рап групата е ''Dirty Dozen'', или во превод ''Валканата Дванаесетка''. Ова име го добила поради тоа што секој член имал свое [[алтер его]]. Слим Шејди било [[алтер его]]то на Еминем. Овој состав ќе остане прилично анонимен се до бомбастичниот успех на Еминем, кога ќе добијат можност и самите да издадат свои [[албум]]и.
 
1997 год. е пресудна во музичката кариера на Еминем, бидејќи токму тогаш го снимил мини-албумот ''The Slim Shady EP''. На ова [[ЦД]] за првпат го промовирал своето второ јас - ''Слим Шејди'', и го насликал како ментално нестабилен манијак. Тематски албумот раскинува со содржината на ''Infinite'', и говори за предозираност со [[дрога]], [[секс]] и крвничко насилство. Истата година го освоил и второто место на Рап Олимпијадата во [[Њу Џерси]], што била доволна препорака Др. Дре да му понуди договор за издавање албуми под капата на неговата продуцентска куќа.<ref>''„Животната приказна на Маршал Метерс“''[http://www.eminem.net/biography/ - eminemEminem.net]</ref>
 
Едно од позначајните работи во неговата рана кариера е заедничката песна ''Fuck Off'' со Кид Рок, исто така музичар од [[Детроит]]. Оваа песна се нашла на албумот ''Devil Without a Cause'' на Кид Рок кој излегол наредната, 1998 год. Магазинот ''The Source'', специјализиран за случувањата [[хип хоп]] [[култура]]та, го вброил името на Еминем како еден од најталентираните и надежни [[рапер]]и чие време допрва ќе дојде.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Еминем