Арес: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 79.126.205.77 (разговор), вратено на последната верзија на RedBot
Ред 17:
 
===Неговата дива енергија===
Арес бил бог на војната,во грчката миологија а не бог на победата и неговата непретпазвлива жестокост често доведувала до повлекување. Тој бил целосна спротивност на [[Атина (митологија)|Атина]], божица на совладувањето и претпазливоста, и таа понекогаш знаела да го разоружа и да го спречи за се замеша во битките што не го засегнувале<ref>„Илијада, XV, 110-142“</ref>. Таа непосредно се борела со него така што вооружила [[Диомед]]<ref>ibid. V, 590 и натаму</ref> и еднаш дури успеала да го собори, погодувајќи го со камен<ref>ibid. XXI, 391 и натаму</ref>.
Арес бил добро запознаен со поразот, кога го нападнале [[Алоади]]те - [[От]] и [[Ефијалт]], синови на [[Посејдон]], кои го окоале и чувале 13 месеци затворен во бакарен сад<ref>ibid. V, 385 и натаму</ref>. [[Херакле]], исто така, неколкупати го соборил и дури дошол толку далеку што му го одзел оружјето<ref>Хесоид, „Херкуловиот штит“, 359 и натаму</ref>.
Се борел до целосна папсаност и понекогаш дури бил оставен како да е мртов. Потоа го носеле на [[Олимп]], каде самиот [[Зевс]] се грижел за неговите рани: ''Бог не смее да умре''.<ref>„Илијада“, V, 590 и натаму</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Арес