Плевра: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Плеврата''' е мембранестата обвивка на [[Бел дроб|белите дробови]]. Се разликуваат ''надворешна'' и ''внатрешна плевра''. Надворешната е прицврстена за ѕидот на [[Граден кош|градниот кош]] и е позната како ''париетална плевра'', додека внатрешната е прицврстена за белиот дроб и други [[Утроба|утробни]] [[Ткиво|ткива]] и е позната како ''висцерална (утробна) плевра''. Помеѓу двете плеври се наоѓа една празнина наречена ''плеврална празнина'' или ''плеврален простор''. Таа е полна со ''плеврална течност'' ([[Серозен|серозна течност]] од плеврата).
 
Плевралната течност ги [[Лубрикација|подмачкува]] плевралните површини, со што овозможува двете плеври да се лизгаат за време на [[дишење]]то. Исто така, таа овозможува белодробната површина да биде во контакт со ѕидот на градниот кош. За време на тивко дишење, празнината е изложена на негативен [[атмосферски притисок]] кој помага во [[адхерација]]та на белите дробови за ѕидот на градниот кош, така што се овозможува речиси кооединирано движење на ѕидот и белиот дроб при респирацијата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Плевра