Разлика помеѓу преработките на „Големо Московско Кнежевство“

нема опис на уредувањето
'''Големото московско кнежество''' ([[руски]]: ''Великое княжество Московское'') било средновековно руско кнежество кое постоело во периодот од [[1263]] до [[1547]] година. Оваа кнежество било наследник на [[Владимирско-Суздалско кнежество|Владимирско-Суздалското кнежество]] а претходник на [[Руско царство|Руското царство]].
 
ГолемотоКога монголците ја нападнале територијата на Киевска Русија, Москва претставувала безначајно место во [[Владимирско-Суздалско кнежество|Владимирско-Суздалското кнежество]]. Иако во зимата на 1238 година ја опожариле Москва, московската област пружила одредена сигурност од монголските напади. [[Киевска Русија]] започнало постепено да се распаѓа на неколку мали кнежества. Така кон крајот на [[12 век]] [[Владимир]] се поделил на Ростовско, Перејаславско, Јуриевско и Страдодубско кнежество. Во втортата половина на [[13 век]] настанале Суздалското, Костромското и Московското кнежество.
Московското кнежество се појавило за прв пат во еден летопис од [[1147]] година, додека во 13 век пак, во времето кога започнало да се распаѓа некогашното Ростовско кнежество меѓу потомците на [[Всеволд III]], Московското започнало да се создава. Во околу [[1260]] година, синот на [[Александар Невски]], [[Даниел Московски|Даниел Александрович]] ја основал новата московска династија. Во тоа време, тоа кнежество било сеуште мало. Во времето на Данаил, таа започнала да се проширува, со кое започнал процесот на соединување на руските земји под [[Москва]].