Бугарска егзархија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 199:
{{Reflist|group="белешка"|refs=
 
<ref name="vg_8">Бугарските историчари [[Борба против Цариградската патријаршија|Борбата против Цариградската патријаршија во Македонија]], ја преставуваат како борба за создавање на бугарска црква. Меѓутоа Борбата против Цариградската патријаршија на Македонците има неколку карактеристики: обнова на некогашната Охридска архиепископија, македонските епархии да подпаднат под нејзина јуриздикција, оваа борба во себе носела и македонски национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонски општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, а во црквите да се острани грчкиот јазик и да се замени со црковно - словенски. Со создавањето на Бугарската егзархија не биле решени овие прашања. Македонските епархии подпаднале под Егзархијата, а во училиштата истата таа бугарска црква започнала да го наметнува бугарскиот јазик. По создавањето на Егзархијата, оние кои се бореле против Патријаршијата ја продолжиле борбата за решавање на овие прашања, сега против Егзархијата. Постепено во Македонија се јавило едно антиегзархиско движење, кое освен просветен и црковен карактер, започнало да добива и револуционерна боја, така што [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] била создадена од и сред оние кои биле насочени против Егзархијата и нејзината дејност, тоа го потврдуваат нејзините основачи, види [[Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници]], Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980 и др. </ref>
 
<ref name="vg_4">Високата порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите. Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор. Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :'''... македонскиот народ создал збрка околу судбината на Македонија, бидејќи црковното прашање на некој начин се идентификувало со националното прашање. Сите градски слоеви, вклучувајќи го и селанството, не можеле да останат рамнодушни кон таквото решавање на црковното прашање, бидејќи и при евентуално останување под патријаршиската јуриздикција или, пак, присоединување кон Бугарската црква, тоа би значело пропаѓање на борбата на македонскиот народ што со децении ја води за еманципација на црковен план'''. Види: [[Борба против Цариградската патријаршија]] </ref>
 
}}
 
== Поврзано ==
* [[Пропаганда]]