Бугарска егзархија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 55:
На [[28 февруари]] [[1870]] година султанот [[Абдулазиз I]] издал [[ферман]], со коj се создавала одделна и самостоjна бугарска црква со името Бугарска Егзархиja, коjа била призната за официјален претставник на бугарскиот народ во [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]].<ref>Текст на [http://www.promacedonia.org/en/ban/nr3.html#110 ферманот], "Macedonia. Documents and materials", Bulgarian Academy of Sciences, Institute of History, Bulgarian Language Institute, Sofia, 1978, part II. The National Revival Period, document 110 The Firman for the establishment of a Bulgarian Exarchate, February 28th, 1870. {{en}}</ref> Ферманот имал 11 членови, во кои биле опишани териториите, структурата и односите со отоманската држава и грчката [[Цариградска Патријаршија]]. Членови 1-5 определувале да се состави Устав на Егзархиjата, во споредба со коj да биде собран Синод како врховно раководство под претседателството на еден истакнат митрополит, коj ќе го носи името Егзарх. Внатрешното управување, изборот на митрополити и на Егзарх требвало да се спроведува без никакво мешање од страна на грчкиот Патриарх. По нивниот внатрешен избор Егзархот и митрополитите се назначувале со посебна дозвола од султанот, нарекувана берат. Во членот 10 биле определени териториите под јурисдикција на Бугарската Егзархиja: епархиите на [[Русе]], [[Силистра]], [[Шумен]], [[Велико Трново]], [[Софија]], [[Враца]], [[Ловеч]], [[Видин]], [[Ниш]], [[Пирот]], [[Ќустендил]], [[Самоков]], [[Велес]], [[Варна]] (без самиот град и 20 села во околината), [[Сливен]] (без [[Поморие]] и [[Несебар]]), каза [[Созопол]] (без селата по брегот на [[Црно море]]), [[Пловдив]] (без градовите Пловдив и [[Асеновград]] и уште 9 села и 4 манастири). Со цел да бидат заштитени правата на верниците насекаде во епархиите на Егзархиjата, каде дел од населението би сакал да остане под власта на Патриаршиjата, тоа било дозволено.<ref>"История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 172. {{bg}}</ref> Во членот 10 исто така се определувал методот на идно проширување на териториите на Егзархиjата:
 
{{cquote|''Освен тие изброени и именувани места, ако православните жители на другите места сите или наjмалку двете третини побарат во нивните духовни работи да се потчинуваат на Бугарската Егзархиjа, и кога тоа биде испрашано, ако добие потврдување и биде докажано, ќе им се дозволи.''}}
 
Веднаш по одлуката на султанот постојниот неофицијален бугарски Времен совет во Цариград со согласието на отоманската власт организирал на [[8 март]] собрание во состав од 40 луѓе, кои избрале званичен Времен совет и 15 луѓе, 10 граѓани и 5 митрополити, кои биле задолжени да го напишат Уставот на Егзархиjата. Истовремено се поткренало и организирањето на гласање за пратеници во Црковно-народен собор, вклучувајки ги и тие македонски и тракиски општини, кои не биле дел од егзархиските епархии во споредба со членот 10 на ферманот. <ref>"История на България", том 6 Българско Възраждане 1856-1878, София, 1987, стр. 175. {{bg}}</ref>