Василиј I Московски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
Василиј I продожил со поврзувањето на руските земји. За да ја намали опасноста од можните напади на [[Златна орда|Златната орда]], во [[1392]], Василиј склучил сојузништво со [[Големмо литванско кнежество|Големото кнежество Литванија]] и се оженил со [[Софија Витовтовна]], единствената ќерка на кнезот [[Витаутас Велики]]. Веднаш по ова, тој во [[1392]] година ги освоил градовите [[Нижни Новгород]] и [[Муром]], а од 1397 до 1398, истото го сторил и со градовите [[Калуга]], [[Вологда]], [[Велики Устјуг]] со територијата на која живеел народот [[Коми]].
 
По четригодишен успех, Василиј I решил да прекине со војувањата и да се препушти на собирање финансии за идни походи. Во [[1395]] година одлучил повеќе да не плаќа данок на Златната орда. Истата година, [[Тимур]] ги нападнал словенските територии. Тој особено напаѓал во регионите по течението на реката [[Волга]], но не подготвувал напад на [[Москва]]. Тимуровиот напад и послужил на [[Русија]] да ја загрози Златната орда, која во наредните 12 години била во состојба на анархија. Во [[1408]] година, Златната орда засилена пристигнува во близина на [[Москва]], но владетелот [[Едигу]] бил сопрен. И покрај тоа во [[1412]] година со склученото примирје, Русија била должна да и плаќа [[данок]] на Златната орда, а Василиј морал дури и да се поклони пред канот.
 
== Порази ==
 
Постојаното ширење на земјата во првите десетина години од управувањето на Василија довело до голема грижа кај соседите, особено кај кнезот на Литванија кој претходно како сојузник, започнал да зазима неутрална страна. Така, во 1403-1404 година Василиј ги изгубил градовите Смоленск и Вјазма. По овој пораз од Литванија и крај на нивното сојузништво со Москва настапила Златната орда која во 1408 година со својата армија пристигнала дури до реонот на престолнината Москва.
 
Поради ова напредување бил побаран мировен договор според кој московскиот кнез бил повторно обврзан да плаќа годишен данок на монголскиот хан, а и самиот Василиј морал во 1412 година да замине во престолнината Сарај за да му се поклони.
{{Руски владетели}}