Разлика помеѓу преработките на „Илко Стефановски“

 
Стефановски е роден во [[Битола]] во [[1952]] година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. [[ФДУ|Факултетот за драмски уметности]], отсек актери во класата на проф. [[Илија Џувалековски]] го завршил во [[1976]] година во [[Скопје]]. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата актерска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните актерски појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени рољи во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како актер блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „[[Охридско лето]]“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Добитник е и на престижната Републичка награда „[[11 Oктомври (награда)|11 Oктомври]]“ (2006 г.)<ref>{{цитирање вести|url=http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2194&stID=77670&pR=3|title=Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври"|date=2006|publisher=Утрински Весник|language=македонски|accessdate=2011-12-06}}</ref>. Починал ненадејно на [[6 декември]] [[2011 ]]година во [[Битола]].<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://daily.mk/cluster3/b03234cb3fc0a09b4ec00b7f463d8339/1033494/pochina-akterot-ilko-stefanovski|title= Почина актерот Илко Стефановски, на јавноста познат како бате Боле|date=Вторник, 06 Декември 2011 13:16|publisher=Daily.mk|language=македонски|accessdate=2011-12-06}}</ref>
 
===Филмски остварувања===
* Бојан - „[[Пред дождот]]“ (1994)
* Бошко („Бате Боле“) - „Погрешно„[[Погрешно Време“време (телевизиска серија)|Погрешно Време]]“ (1999-2001), ТВ серија
 
== Наводи ==