Разлика помеѓу преработките на „Клиф Бартон“

Додадени 49 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш-метал албум [[Master Of Puppets]], каде перформансот на Бартон бил трејдмарк на ова парче музика. Песната [[Orion]] ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, [[Металика]] заминуваат на турнеја низ [[САД]] заедно со рокерот [[Ози Озборн]]. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на [[Европа]]. На 26 септември [[Металика]] одржа концерт за паметење во [[Стокхолм]], [[Шведска]], каде [[Џејмс Хетфилд]] првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на [[Металика]] на патот кон ѕвездите.
 
=== Трагичната смрт ===
 
=== Сообраќајната несреќа ===
Групата беше на пат помеѓу [[Стокхолм]] и [[Копенхаген]], за да настапи на 27 септември во [[Данска]]. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автовусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на [[Кирк Хамет]]. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во [[САД]] и кремирано, а малку подоцна и погребано.
 
945

уредувања