Клиф Бартон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 29:
 
=== Првите денови во бендот ===
Неговото доаѓање во Металика донесе позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната "[[(Anesthesia)- Pulling Teeth]]" од деби-албумот "[[Kill 'Em All]]". <ref>Metal Asylum ''"Биографија на Клиф Бартон"''[http://www.metal-asylum.org/muzac/burton.html, Metal Asylum]</ref>
Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како "[[Ride The Lightning]]". Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција "[[The Call Of Ktulu]]", каде бас-гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.
 
=== Докажување во хеви-метал заедницата ===
1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш-метал албум [[Master Of Puppets]], каде перформансот на Бартон бил трејдмарк на ова парче музика. Песната [[Orion]] ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, [[Металика]] заминуваат на турнеја низ [[САД]] заедно со рокерот [[Ози Озборн]]. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на [[Европа]]. На 26 септември [[Металика]] одржа концерт за паметење во [[Стокхолм]], [[Шведска]], каде [[Џејмс Хетфилд]] првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на [[Металика]] на патот кон ѕвездите.