Разлика помеѓу преработките на „Клиф Бартон“

Додадени 2 бајти ,  пред 7 години
нема опис на уредувањето
== Детство и рана младост ==
Клиф Бартон е роден на 10 фебруари, 1962 година во [[Тенеси]], [[САД]], како најмлад син на Џен и Реј Бартон. Имал постар брат Скот и сестра Кони. Како ученик во средно училиште играл бејзбол за школскиот тим и го освоил првото место на локалниот натпревар со другите училишта. По завршување на средното образование, станал член на бендот [[Траума]]. И покрај гламурот и театралноста на останатите членови при нивните свирки во живо, Бартон бил забележлив по неговото ритмичко удирање со глава и долгата црвена коса. Со овој бенд снимил и една демо-снимка, но таму се успеал да го докаже својот раскошен талент за музицирање.
<ref>Metallica World ''"Биографија на Клиф Бартон"''[http://www.metallicaworld.co.uk/Cliff%20Burton.htm, Metallica World]</ref>
 
== Кариерата со Металика ==
 
=== Првите денови во бендот ===
Неговото доаѓање во Металика донесе позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната "[[(Anesthesia)-Pulling Teeth]]" од деби-албумот "[[Kill 'Em All]]". <ref>Metal Asylum ''"Биографија на Клиф Бартон"''[http://www.metal-asylum.org/muzac/burton.html, Metal Asylum]</ref>
Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како "[[Ride The Lightning]]". Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција "[[The Call Of Ktulu]]", каде бас-гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.
=== Докажување во хеви-метал заедницата ===
945

уредувања