Клиф Бартон: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 36:
=== Трагичната смрт ===
Групата беше на пат помеѓу [[Стокхолм]] и [[Копенхаген]], за да настапи на 27 септември во [[Данска]]. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автовусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на [[Кирк Хамет]]. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во [[САД]] и кремирано, а малку подоцна и погребано.
 
=== Металика по неговата смрт ===
По овој настан, [[Металика]] не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се кажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на [[Металика]]. Во едно интервју [[Кирк Хамет]] ќе рече дека по несреќата секој од нив самостојно одлучил сета наталожена фрустрација и гнев да го исфрлат на сцената, каде и им е местото. Исто така ќе истакне и дека најлошото нешто што можеле да го направат е да престанат и да кукаат во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале волку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би не бодрел да одиме до крај.
 
==Наводи==