Клиф Бартон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22:
Клиф Бартон е роден на 10 фебруари, 1962 година во [[Тенеси]], [[САД]], како најмлад син на Џен и Реј Бартон. Имал постар брат Скот и сестра Кони. Како ученик во средно училиште играл бејзбол за школскиот тим и го освоил првото место на локалниот натпревар со другите училишта. По завршување на средното образование, станал член на бендот [[Траума]]. И покрај гламурот и театралноста на останатите членови при нивните свирки во живо, Бартон бил забележлив по неговото ритмичко удирање со глава и долгата црвена коса. Со овој бенд снимил и една демо-снимка, но таму се успеал да го докаже својот раскошен талент за музицирање.
<ref>http://www.metallicaworld.co.uk/Cliff%20Burton.htm</ref>
 
== Кариерата со Металика ==
 
=== Примање во групата ===
Не помина долго време додека младите основачи на [[Металика]] го насетија неговиот голем музички потенцијал. Тапанарот [[Ларс Улрих]] и вокалот и гитарист [[Џејмс Хетфилд]] присуствувале на еден настап на [[Траума]] во живо, каде биле позитивно изненадени од неверојатното бас-соло во изведба на Бартон. По ова, тие го контактирале и му го понудиле испразнетото место на басист, каде претходно свирел [[Рон МекГовни]]. Бартон прифатил, но под услов целиот бенд [[Металика]] да се преселат во [[Сан Франциско]]. Поради големата желба да го имаат Бартон во составот, групата се согласила.
 
=== Првите денови во бендот ===
Неговото доаѓање во Металика донесе позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната "[[(Anesthesia)-Pulling Teeth]]" од деби-албумот "[[Kill 'Em All]]". <ref>http://www.metal-asylum.org/muzac/burton.html</ref>
Ред 30 ⟶ 33:
=== Докажување во хеви-метал заедницата ===
1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш-метал албум [[Master Of Puppets]], каде перформансот на Бартон бил трејдмарк на ова парче музика. Песната [[Orion]] ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, [[Металика]] заминуваат на турнеја низ [[САД]] заедно со рокерот [[Ози Озборн]]. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на [[Европа]]. На 26 септември [[Металика]] одржа концерт за паметење во [[Стокхолм]], [[Шведска]], каде [[Џејмс Хетфилд]] првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на [[Металика]] на патот кон ѕвездите.
 
=== Трагичната смрт ===
Групата беше на пат помеѓу [[Стокхолм]] и [[Копенхаген]], за да настапи на 27 септември во [[Данска]]. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автовусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на [[Кирк Хамет]]. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во [[САД]] и кремирано, а малку подоцна и погребано.
 
==Наводи==