Разлика помеѓу преработките на „Глобално затоплување“

с
нема опис на уредувањето
с
с
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Внимание}}
[[Глобално затоплување|Глобалното затоплување]], кое се должи на ефектот на стаклена градина е проблем поврзан со можните глобални климатски промени предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените [[стекленичкистакленички гасови]] во [[атмосфера]]та. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое, пак би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.
Планетата Земја е опкружена од својата атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример [[јаглерод диоксид|јаглерод диоксид]], имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не и дозволуваат на [[Топлина|топлината]] да ја напушти планетата. Затоа тие гасови ги нарекуваме стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина.
Ефект на стаклената градина го открил [[Жозеф Фурје]], 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е Svante Arrhenius, 1896 год.
Гасови кои во најголема мерка придонесуваат за ефект на стаклена градина се следните:
 
* [[озон ]] (O<sub>3</sub>)
* [[метан ]] (CH<sub>4</sub>)
* [[вода|водена пареа ]] (H<sub>2</sub>O)
* [[јаглерод моноксид ]] (CO)
* [[јаглерод диоксид ]] (CO<sub>2</sub>)
* азотсубоксид[[азот оксид|азот субоксид]] (N<sub>2</sub>O)
* [[сулфур хексафлуорид ]] (SF<sub>6</sub>)
 
Дополнително, емитирани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди (CFC) или накусо халони и утврдено е дека и тие влијаат врз ефектот на стаклената градина.
Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид секако може да има огромно влијание врз ефектот на стаклена градина, а со тоа и на глобалното затоплување. Концентрација на CO<sub>2</sub> сега е зголемена за околу 0,4 % годишно.
Кога северната полутопка е свртена кон Сонцето, кога кај нас е [[пролет]] и [[лето]], тогаш лисјата вдишуваат CO<sub>2</sub> и неговото количество во атмосферата опаѓа.ка
Но, кога јужната полутопка е свртена кон Сонцето, кога кај нас е [[есен]] и [[зима]], листовите опаѓаат со што се зголемува количината на CO<sub>2</sub> во [[Атмосфера|атмосферата]].
=== Диазот монооксид N<sub>2</sub>O ===
Диазот монооксид создава 300 пати поголем ефект на стаклена градина од CO<sub>2</sub>.
Диазот монооксид главно се создава преку микробска промена на азотот содржан во [[почва|почвата]]. Зголеменото создавање на N<sub>2</sub>O од човечко влијание може да се сведе на зголемениот влез на азот во почвите, пред сé, преку земјоделството, индустријата и сообраќајот. Концентрација на N2O сега е зголемена за околу 0,2 % годишно .
Азотен монооксид (N<sub>2</sub>O) е продуциран од бактерии во природен денитрификациски процес. Тој е хемиски инертен во [[Тропосфера|тропосферата]], но во стратосферата е деградиран фотохемиски. Просечната концентрација на N<sub>2</sub>O во тропосферата е околу 300 ppb и има време на престој 10 години.<br />
 
=== Сулфурен хексафлуорид SF<sub>6</sub> ===
Овде се работи за еден гас со многу инертна реакција, кој се употребува, пред сé, во опрема со висок напон во тешката индустрија и како гас за полнење прозорци за звучна заштита и автомобилски гуми. SF<sub>6</sub> е гас со највисок потенцијал за стаклена градина. Еден тон SF<sub>6</sub> ја оптоварува атмосферата во големина што соодветствува на околу 23.900 тони CO<sub>2</sub>.
== Последици од глобално затоплување ==
Последици од [[глобално затоплување]] се следниве:
• пораст на температура за 1,5-4,5 °C на 100-150 години
• топење на мразот на поларните делови од планетата Земја
• пораст на нивото на [[море|морето]] (топење на мразот предизвикува покачување на морското ниво при што доаѓа до поплавување на некои [[Остров|острови]] и брегови)
• временски непогоди: зголемен број на суши и пожари, зголемување на облачноста,[[поплави]],урагани
• влијание врз здравје на луѓето: смртоносни топлотни бранови, лош воздух, алергии и астма
• изумирање на животински видови
 
Покрај ова, следните статистички податоци се разочарувачки:
Земјата станува се потопла. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 °C. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Арениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO2 во атмосферата преку согорување на фосилните горива, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 °C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 °C до 4,5 °C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO<sub>2</sub> во атмосферата. Сите четири најжешки години откако почнале да се регистрираат овие податоци се во 1990-тите.
Прва жртва на климатските промени – Тавалу, мала островска земја во Пацификот со десет илјади жители. Се наоѓа на средина помеѓу Хаваи и Австралиа. Островите полека ги голта морето чие ниво се покачува заради глобалното затоплување.
 
Доколку не се превземат мерки за решавање на глобалното затоплување :
* Нивото на CO<sub>2</sub> се зголемува постојано. Во текот на последниот век тоа се зголемило за цели 30 %. Ако не се редуцира порастот на популацијата и употребата на фосилни горива нивото на СО<sub>2</sub> ќе се дуплира некаде во средината на [[21 век]].
* Најважно, дел од поларните санти мраз може да се стопи и тоа да доведе до покачување на нивото на водата во морињата, кое што веќе е покачено помеѓу 10 и 25 cm во последните 100 години, а до 2050 може да стане и тродупло со што огромни крајбрежни површини, кои се многу густо населени, областите кои што се наоѓаат на помала [[надморска височина]], па дури и цели држави, како [[Бангладеш]], можат да бидат потопени и да исчезнат под морето. Toa делумно настанува поради ширењето на водата кога таа се загрева.
Топењето на глечерите во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Најзагрозени се: [[Индија]], [[Пакистан]] , Бангладеш, Малдиви , Тајланд , Мозамбик, Египет, Суринам итн.
* Ако дозволиме температурата да порасне за 4 степени, тогаш ќе настане еден општ хаос на целата Земја. Климатскиот систем веќе трпи промени поради топењето на сантите на [[Арктик|Арктикот]], но со пораст за 4 степени целосно топењето на поларниот мраз ќе биде неизбежно, што ќе предизвика зголемување на нивото на морето за 70-80 m. Сите светски крајбрежја ќе бидат потопени, заедно со пристаништата, градовите, инфраструктурата и плодната почва. [[Релјеф|Релјефот]] на Земјата ќе биде како оној после Леденото доба, кога нивото на морето пораснало за 120 m.
Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на [[Алјаска]] и [[Сибир]] веќе почнале да се топaт,нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата.
* Зголемување на глобалната температура ќе предизвика пораст на нивото на морето и ќе го промени износот и шемата на врнежите, веројатно, вклучувајќи ги и проширување на територијата на пустините. Најверојатните ефекти вклучуваат зголемување на интензитетот на екстремни временски појави, како и промени во земјоделските приноси.
* Потопла планета ќе го забрзува глобалниот циклус на водата: размената на вода помеѓу океаните, атмосферата и земјиштето. Повисоки температури ќе предизвикуваат поголемо испарување и побрзо сушење на почвите. Зголемено количество вода во атмосферата значи повеќе [[дожд]] и [[снег]]. Првите знаци на промени на циклусот на вода предизвикуваат поплави, урагани, ерозија на земјиштето па дури и губење на некои видови живи организми.
Веќе е крајно време да сфатиме: „Климатските промени ... не се ништо друго, туку една форма на бавно умирање ".
 
== Што треба да се направи за да се спречи затоплувањето? ==
Човековото влијание на глобалното затоплување денес, за прв пат во историјата на Земјата, луѓето ја имаат, можеби, одлучувачката улога за иднината на климатските промени. Потоплата иднина може да беде резултат на денешните активности на луѓето во кои се ослободуваат големи количини на гасови кои ја задржуваат топлината. Овие гасови се дел од причините за зголемување на темп. за 0,5 степени за последните 100 год.
Денес за секој од над 6 милијарди луѓе на планетата скоро 6 тони СО<sub>2</sub> се исфрла во атм годишно . Како резултат на нашите активности конц. на СО<sub>2</sub> е покачено за 30 % во последните 250 год.Индустриски развиените земји денес најмногу ослободуваат СО<sub>2</sub> , додека емисијата на СО<sub>2</sub> во земјите во развој е во подем.
Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно [[САД]], [[Европа]] и [[Јапонија]]). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.Бидејќи најголема последица од климатските промени ќе биде сушата и недостигот од вода, треба да се обединиме кон решавање на овој проблем.
Кјото протокол (KP) претставува мошне важен чекор во органичувањето на емисијата на стакленичките гасови (CO<sub>2</sub>, CH<sub>4</sub>, N<sub>2</sub>O, HFCs, PFCs, SF<sub>6</sub>) бидејќи за прв пат се специфицирани правни обврски. Согласно со KP развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленичките гасови за најмалку 5 % во споредба со емисиите на 1990година. Договорените цели се разликуваат помеќу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7 %, Европската унија (EU) како целина за 8 %, Јапонија и Канада за 6 %. Неодамна, САД ја повлекле својата овбрска во рамките на KP, предизвикувајќи вознемирување од светски рамки.
=== Што може владата да направи? ===
[[Влада|Владата]] може да покрене акција за пошумување. Исто така би можела да обезбеди масовен транспорт. Владата може да постави стандарди за чистота на воздухот и филтри на оџаците. За да помогне кон спречување на глобалното затоплување владата може да забрани сечење на природата, а исто така може да инвестира во флуоресцентното осветлување и користење на сончева енергија наместо нуклеарни и термоцентрали.
=== Што можат луѓето да направат? ===
Секогаш кога е можно луѓето треба да пешачат, да возат велосипед или да го користат јавниот превоз. Доколку користат автомобил треба да изберат таков кој нема многу да троши. Дома, треба да ги исклучуваат светлата кои непотребно горат и да го исклучуваат телевизорот кога не го гледаат. Светилките треба често да ги менуваат бидејќи нови произведуваат помалку CO<sub>2</sub>. Доколку ги заменуваат електричните уреди треба да земат такви кои се енергетски најефективни. При миење на садови треба да користат ладна или топла вода, а не жешка. При греење на водата не треба да ја загреваат над 70 степени. Што се однесува до отпадоците, тие треба да се рециклираат. Луѓето исто така треба да посадуваат дрвја во близина на својот дом.
 
 
Како што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа (H<sub>2</sub>O), јаглерод диоксид (СО<sub>2</sub>), како и метан (CH<sub>4</sub>), азотен оксид (N<sub>2</sub>O) и тропосферски озон (О<sub>3</sub>), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.
 
==Ефект на стаклена градина==
Ефектот на стаклена градина е израз за загревање на планетата [[Земја (планета)|Земја]] кое настанало со пореметување на енергетската рамнотежа помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, во последното столетие, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.
 
Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде емитирано во вселената, туку атмосферата го апсорбира и станува потопла. Земјата мора да испушта енергија во вселената исто онолку колку што таа апсорбира енергија од Сонцето. Сончевата енергија пристигнува во форма на зрачење со помала бранова должина. Атмосферата на Земјата одбива дел (37-39 %) од оваа [[Енергија|енергија]], додека остаток (поголем дел) паѓа на површина на Земјата и ја загрева. Земјата се ослободува од оваа енергија, така што ја праќа назад во вселената во облик на инфрацрвени зраци (зраци со поголеми бранови должини). Поголем дел од [[инфрацрвено зрачење|инфрацрвеното зрачење]], емитирано од земјината површина, се рефлектира од гасови што постојат во природата. Овие гасови спречуваат енергијата да помине кон вселената, така да зраците се враќаат назад кон Земјата и ја зголемуваат атмосферската температура. Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под назив [[стакленички гасови]], а проблеми кои настануваат се познати под име глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во последниот век.
 
Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од човечките активности.
Со индустријализација, емисијата на стакленички гасови од согорување на фосилни горива, сечење на шуми и чистење на земјиште за употреба во земјоделството, постојано се зголемува. Во последните 100 години стакленичките гасови се емитираа во атмосферата побрзо од колку што природните процеси можеа да ги отстранат. Дополнително, емитирани се нови синтетички гасови како што се хлорофлуоројаглероди и халони (CFC) и утврдено е дека и тие го поддржуваат ефектот на стаклената градина. Во овој период концентрацијата на овие гасови во атмосферата постојано се зголемува, со предвидувања дека ќе продолжи да расте паралелно со порастот на глобалната економија. Овие дополнителни емисии почнуваат да ја нарушуваат деликатната рамнотежа, значително зголемувајќи го количеството на стакленички гасови во атмосферата и нивниот изолационен ефект. Податоците за климата пред 160 години укажуваат на тесна поврзаност меѓу концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата и глобалните температури. Уште во 1896 година големиот шведски хемичар Свенте Архениус предвидувал дека со удвојување на концентрацијата на CO<sub>2</sub> во атмосферата преку согорување на фосилно гориво, можно е глобалната температура да порасне за 5,5 C. Ова не е далеку од вредностите 1,5 C до 4,5 C кои сега се добиваат од компјутерските симулации на климата за двојно зголемување на CO2 во атмосферата. Во 1995 година светската научна заедница извести дека промената е веќе присутна и дека планетата Земја во минатото столетие се затоплила за 0,5 C. Во јануари 2001 година UNIPCC (Меѓувладиното тело за климатски промени при Обединетите нации), официјално изјави дека човековото влијание претставува главен фактор за денешното глобално затоплување. Оваа изјава беше од големо знаење, бидејќи до тогаш постоеја мислења според кои глобалното затоплување е поврзано со сончевата активност, природните климатски флуктуации, или е резултат на грешки во компјутерските модели. Квантитативните предвидувања за идната состојба сe уште се неизвесни. Во 1995 година IPCC направи проценка дека глобалната температура на воздухот на Земјата ќе се зголеми за дополнителни 1 C -3,5 C до 2100 година, додека во 2001 година за истиот период беше предвиден пораст на температурата од 1,4 C - 5,8 C. Во најдобар случај, ќе се соочиме со затоплување за 2 C до 2100 година, што би било најбрзо менување на климата во последните неколку милениуми, период кога се развивала модерната цивилизација. Затоплувањето во овие размери ќе влијае врз многу аспекти на нашите животи, бидејќи ќе предизвика промени на температурите и врнежите, пораст на морското ниво и промени во распределбата на свежа вода. Најверојатно значајни ќе бидат влијанијата врз здравјето на луѓето, виталноста на шумите и други природни подрачја, како и продуктивноста воземјоделството.
ГОДИШНИ ВРНЕЖИ, 1901-1995 (Американска истражувачка програма за глобални промени: Климатски промени / тековни сознанија) Во последните 100 години глобалното средно морско ниво порасна за 10 до 25 cm, делумно поради ширењето на водата кога таа се загрева. Топењето на глечерите во последното столетие, исто така, придонесува за пораст на морското ниво. Порано замрзнатото земјиште (вечен мраз) во арктичкиот предел на Алјаска и Сибир исто така почна да се топи, нарушувајќи ги екосистемите и инфраструктурата. Споменатото топење и затоплувањето на тундрите ќе доведе до распаѓање на органска материја и ослободување на заробениот јаглерод и метан, создавајќи дополнителен извор на стакленички гасови. Како што ризиците од глобалните климатски промени стануваат сe повеќе очигледни, се јавува вистинска потреба од фокусирање на акции за намалување на емисиите на стакленичките гасови и минимизирање на штетните влијанија од климатските промени. Општо земено, луѓето во земјите во развој се почувствителни на климатските промени заради недоволно развиената инфраструктура и ограничениот капитал, како и поголемата зависност од природните ресурси.
 
== Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени ==
 
Во текот на 80-те години, заради научните докази за глобалните климатски промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во Рио де Женеиро беше усвоена Рамковната конвенција за климатски промени (UNFCCC). Согласно со Рамковната конвенција, се поставија бројни обврски за сите земји, главно во врска со изготвувањето и имплементацијата на политики за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, одзивот на развиените земји (кои се главните “произведувачи” на стакленички гасови), се покажа недоволен и заради тоа во 1995 година воведен е Берлинскиот мандат, кој воспостави преговарачки процес за поголем ангажман во рамките на Конвенцијата во периодот по 2000 година. Овој процес, конечно, доведе до потпишување на Кјото протоколот (КП) во 1997 година.
 
На оваа карта (направена од Американскиот институт за светски ресурси, USA World Resources Institute) се претставени разлини региони, не според нивната географска положба туку според емисиите на стакленики гасови. Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.
 
Кјото протоколот (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето на емисиите на шесте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и SF6), бидејќи за прв пат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку 5% во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се разликуваат помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7%, Европската унија (ЕУ) како целина за 8%, Јапонија и Канада за 6%), а истиот принцип важи и за државите-членки на ЕУ во согласност со интерниот договор за распределба на обврските. Неодамна, САД ја повлекоа својата обврска во рамките на КП, предизвикувајќи вознемирување од светски размери.
Во 1998 година, за време на Четвртата UNFCCC конференција на страните воспоставен е Акциониот план од Буенос Аирес, со кој е специфициран временскиот распоред за имплементацијата на КП. Согласно со овој план, во Хаг, во ноември 2000 година се одржа Шестата конференција на страните со главна задача да се постигне договор за најважните оперативни прашања од КП. Бидејќи земјите потписники се разидуваа по клучните прашања, до крајот на состанокот не беше постигнат договор. За време на продолжението во Бон, во јули 2001 година (Шеста конференција на страните, продолжение) министрите постигнаа политика согласност за суштинските основи врз кои се темелат оперативните прашања од КП. Овој политички договор веќе е преведен во правен текст за сите флексибилни механизми и за леновите 5, 7 и 8 од КП (известување, мониторинг и преглед). Работата се предвидува да биде завршена на состанокот во октомври 2001 година во Маракеш (Седма конференција на страните). Рамковната конвенција за климатски промени постави низа обврски кон потписниките сметајќи на нивните заедники, но и поединечни одговорности. На својата петта и шеста сесија Конференцијата на страните ги охрабри земјите вклуени во Анекс II на Конвенцијата (т.е. најразвиените земји) во давањето помош на државите чии економии се во транзиција, како и на земјите во развој, при зголемувањето на нивните можности за постигнување на целите на Конвенцијата и нивната подготовка за ефикасно учество во процесот на КП. Интегрираното планирање и имплементацијата на релевантни активности содржат низа акции, како што се развој на национални системи за проценка на емисиите и абсорбциите на стакленички гасови, проекции за еволуција на емисиите и определување / проценка на можни мерки за редукција на емисиите од различни сектори (енергија, индустрија, резиденцијален / терцијален сектор).
 
Земјите со економија во транзиција, како и земјите во развој при преземањето на такви активности се соочуваат со големи тешкотии, главно заради ограниченото користење на околинско-прифатливи технологии, недостаток на финансиски и човечки ресурси со соодветна експертиза, како и поради отсуство на ефикасни административни структури. Поради тоа итно е потребно создавање капацитети (capacity building) во овие земји.
ако што е познато, животот на планетата Земја е можен поради природниот ефект на стаклена градина. Природното појавување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина (стакленички гасови), пред сe водена пареа (H2O), јаглерод диоксид (СО2), како и метан (CH4), азотен оксид (N2O) и тропосферски озон (О3), овозможува сончевата енергија да дојде до земјината површина како видлива светлина, за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина. Земјината површина апсорбира најголем дел од зрачењето и се загрева. Инфрацрвеното зрачење се емитира од земјината површина. Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, со што се обезбедува нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Отсуството на стакленичките гасови би ја намалило температурата на нашата планета за околу 33 C, претворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета во сончевиот систем.
 
== Создавање капацитети и климатски промени ==
 
Договорени приоритетни акции во создавањето капацитети откако земјите со економии во транзиција и земјите во развој ги презентираа своите погледи. Овие акции подразбираат:
* Национални катастри на емисии на стакленички гасови
* Идни проекции за емисиите на стакленички гасови
* Идентификација и проценка на политичките и мерките за ограничување на емисиите на стакленички гасови
* Проценка на можните влијанија на климатските промени и идентификација/проценка на можното прилагодување
* Истражување и систематско набљудување
* Образование, обучување и подигање на јавната свест
* Размена на научни работници
* Трансфер на околинско прифатливи технологии
* Национални комуникации за прогресот на политичките и мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и развој на релевантни национални планови
* Национални системи за проценка на емисиите на стакленички гасови
* Национални регистри
* Развој на релевантни структури за имплементација на Флексибилни механизми од КП, имено Здружена имплементација (JI), Тргување со емисии (ET), Механизам на ист развој (CDM)
 
== Програма за создавање капацитети за балканските земји ==
 
Програмата за создавање капацитети за балканските земји е иницирана од страна на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Програмата има вкупен буџет од приближно еден милион евра и времетраење 18 месеци. Во оваа програма вклучени се следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Романија и Југославија. Сите овие земји ја ратификуваа Рамковната конвенција за климатски промени, а две од нив (Бугарија и Романија) го потпишаа и Кјото протоколот. Овие две земји припаѓаат на Анекс I од Конвенцијата, додека останатите во моментов не се вклуени во Анекс I. Со оваа програма, Грција, како земја од Анекс II од Конвенцијата (UNFCCC), обезбедува финансиска и техника поддршка за гореспомнатите земји со цел да им помогне во подобрувањето на можностите за остварување на целите од Конвенцијата. Ова може да биде спроведено преку имплементирање на одредбите од Конвенцијата и подготвување на овие земји за активно учество во процесот на КП. Националната опсерваторија од Атина (НОА) ја координира програмата. НОА е јавен истражуваки центар задолжен за изработка на годишен катастар на емисиите на стакленички гасови во Грција, по барање на Министерството за околина, просторно планирање и јавни работи на Грција. Таа исто така е национален фокусен центар на Меѓувладиното тело за климатски промени. Понатаму, НОА беше задолжена за изработка на втората национална комуникација и работи како технички консултант за министерствата кои се компетентни по прашања од климатските промени, политиките и мерките за намалување на емисиите на стакленики гасови, заштеда на енергија и користење на обновливи енергетски извори. Во последно време, НОА им помагаше на соседните земји во остварувањето на нивните техники и извештајни обврски зацртани со Рамковната конвенција за климатски промени. Четири партнери од Грција се вклу-чени во оваа програма: две приватни консултантски компании - EPEM S.A. и SPEED S.A., Националниот технички универзитет од Атина (Лабораторија за економија во индустријата и енергетиката) и една невладина организација, Интердисциплинарен институт за околински истражувања (ИНИЕР). Програмата започна во почетокот на 2001 година, додека иницијалниот состанок беше одржан во Атина во март 2001 година.
 
Главните цели на програмата се:
 
* Помош на балканските земји во изработка и имплементација на квалитетни национални катастри на антропогени емисии и абсорбции на стакленики гасови, придружена со неопходни системи за поддршка при собирање и управување со податоците. Тоа се елементи кои овозможуваат да се направи проценка на тековната ситуација и воочените трендови
* Помош на балканските земји при идентификација, проценка и избор на соодветни мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, земајќи ги предвид националните приоритети, постоечките ограничувања и инфраструктурните барања, како и можните поддржувачки политички и мерки за надминување на овие тешкотии.
* Идентификација на приоритетни подраја за дејствување во балканските земји во рамките на флексибилните механизми од КП
* Проценка на ранливоста на овие земји од климатските промени
* Подобрување на општата состојба на околината во балканските земји
* Понатамошен развој на финансиска и научна соработка помеѓу Грција и другите балкански земји
 
За да се постигнат овие цели, програмата ги содржи следните задачи:
 
# Изработка / оценка на катастрите на емисиите на стакленички гасови
# Проекции на емисиите на стакленички гасови
# Идентификација и евалуација на политиките и мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови
# Формулација на Национален акционен план за намалување на емисиите на стакленички гасови
# Бази на податоци - обука на кадри
# Евалуација на постоечките административни структури
# Олеснување на трансферот на енергетско-штедливи технологии и на околинско-прифатливи технологии
# Проценка на потребите за прилагодување на постоечките национални правни рамки во врска со користењето на флексибилни механизми
# Дефиниција на приоритетни подрачја за флексибилни механизми
# Подигање на јавната свест за успешна имплементација на оваа програма
потребно е активно учество на сите владини и невладини организации во земјите вклучени во проектот. На овој начин ќе бидат собрани квалитетни податоци, а резултатите од секоја задача ќе ги задоволат потребите на вклучените земји во врска со климатските промени. Понатаму, активното учество на сите членки ќе обезбеди продолжување на активностите во областа на климатските промени на локално ниво и ќе ја промовира соработката помеѓу земјите во оваа значајна меѓународна иницијатива посветена на околината.
 
[[Категорија:Глобално затоплување]]
[[Категорија:Климатски промени]]
[[Категорија:Историја на климата]]
[[Категорија:Економски проблеми]]
[[Категорија:Екологија]]
 
{{Link FA|de}}
{{Link FA|en}}
{{Link FA|fi}}
{{Link FA|he}}
{{Link FA|id}}
{{Link FA|pl}}
{{Link FA|th}}
 
[[af:Aardverwarming]]
[[als:Globale Erwärmung]]
[[am:የዓለም መሞቅ]]
[[ang:Ƿoruldlicu ƿearmung]]
[[ar:احترار عالمي]]
[[an:Escalfamiento global]]
[[az:Qlobal istiləşmə]]
[[bn:ভূমণ্ডলীয় উষ্ণতা বৃদ্ধি]]
[[zh-min-nan:Choân-kiû sio-lo̍h-hoà]]
[[be:Глабальнае пацяпленне]]
[[be-x-old:Глябальнае пацяпленьне]]
[[bg:Глобално затопляне]]
[[bs:Globalno zatopljenje]]
[[br:Tommadur ar blanedenn]]
[[ca:Escalfament global]]
[[ceb:Kalibotanong pagpanginit]]
[[cs:Globální oteplování]]
[[cy:Cynhesu byd eang]]
[[da:Global opvarmning]]
[[de:Globale Erwärmung]]
[[et:Globaalne soojenemine]]
[[el:Παγκόσμια θέρμανση]]
[[en:Global warming]]
[[es:Calentamiento global]]
[[eo:Tutmonda varmiĝo]]
[[eu:Berotze globala]]
[[fa:گرم‌شدن زمین]]
[[fr:Réchauffement climatique]]
[[fur:Riscjaldament globâl]]
[[ga:Téamh domhanda]]
[[gd:Blàthachadh na cruinne]]
[[gl:Quecemento global]]
[[ko:지구 온난화]]
[[hy:Գլոբալ տաքացում]]
[[hi:भूमंडलीय ऊष्मीकरण]]
[[hr:Globalno zatopljenje]]
[[io:Globala varmesko]]
[[ilo:Panagpúdot ti lubong]]
[[id:Pemanasan global]]
[[ia:Calefaction global]]
[[is:Heimshlýnun]]
[[it:Riscaldamento globale]]
[[he:התחממות עולמית]]
[[jv:Pamanasan global]]
[[kn:ಜಾಗತಿಕ ತಾಪಮಾನ ಏರಿಕೆ]]
[[ka:გლობალური დათბობა]]
[[sw:Kupanda kwa halijoto duniani]]
[[ht:Rechofman atmosferik]]
[[lez:Дуьньядин чими хьун]]
[[la:Calefactio globalis]]
[[lv:Globālā sasilšana]]
[[lt:Visuotinis atšilimas]]
[[hu:Globális felmelegedés]]
[[ml:ആഗോളതാപനം]]
[[mr:जागतिक तापमानवाढ]]
[[arz:دفا كوكبى]]
[[ms:Pemanasan global]]
[[mn:Дэлхийн дулаарал]]
[[my:ကမ္ဘာကြီး ပူနွေးလာမှု]]
[[nl:Opwarming van de Aarde]]
[[ja:地球温暖化]]
[[no:Global oppvarming]]
[[nn:Global oppvarming]]
[[oc:Escalfament global]]
[[pnb:گلوبل وارمنگ]]
[[pl:Globalne ocieplenie]]
[[pt:Aquecimento global]]
[[ro:Încălzire globală]]
[[rm:Stgaudament global]]
[[rue:Ґлобалне потеплїня]]
[[ru:Глобальное потепление]]
[[sah:Аан дойду сылыйыыта]]
[[sq:Ngrohja globale]]
[[si:ගෝලීය උණුසුම් වීම]]
[[simple:Global warming]]
[[sk:Globálne otepľovanie]]
[[sl:Globalno segrevanje]]
[[ckb:گەرم بوونی زەوی]]
[[sr:Глобално загревање]]
[[sh:Globalno zatopljenje]]
[[su:Jagat nyongkab]]
[[fi:Ilmaston lämpeneminen]]
[[sv:Global uppvärmning]]
[[tl:Pag-init ng daigdig]]
[[ta:புவி சூடாதல்]]
[[te:భూగోళం యొక్క వేడిమి]]
[[th:ปรากฏการณ์โลกร้อน]]
[[tg:Гармшавии глобалӣ]]
[[tr:Küresel ısınma]]
[[uk:Глобальне потепління]]
[[ur:عالمی حرارت]]
[[vi:Ấm lên toàn cầu]]
[[fiu-vro:Ilma lämmämbäsminek üle ilma]]
[[zh-classical:全球暖化]]
[[war:Pagpaso han kalibutan]]
[[wuu:全球暖化]]
[[yi:גלאבאלע אנווארימונג]]
[[zh-yue:全球變暖]]
[[bat-smg:Gluobalėnis atšėlėms]]
[[zh:全球变暖]]