Разговор:Никола Вапцаров: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Извори дека не бил бугар
Ev-la (разговор | придонеси)
Никола Вапцаров бил Македонец
Ред 14:
 
Па мислам дека најголемиот доказ (извор) дека не бил бугар (барем во етничка смисла на зборот) е тоа што тој никогаш не пишувал за Бугарија, туку за Македонија. Вапцаров се изјаснувал како бугар само во административни документи (што било одраз на ситуацијата). [[Корисник:Boyan|Boyan]] 23:55, 26 Јануари 2006 (UTC)
 
== Никола Вапцаров бил Македонец ==
 
Бојан е прав: Н.В. напишал само една песна (за Христо Ботев) која има директна врска со Бугарите. Најважното: '''во циклусот „Песни за татковината“, сите негови песни се за Македонија, а таа за него е „од Пирин до Шара, од Охрид до Егеј“'''.
 
Вапцаров многу добро ги разликувал македонскиот и бугарскиот јазик, македонската култура и историја од бугарските...При основањето на МЛК во Софија, во канцеларијата на адвокатот Михаил Сматракалев (не стигнав да се сретнам со него, но мои пријатели добро го познаваа) во центарот на Софија, пред присутните читал реферат во кои зборува за македонска литература, култура и историја, за македонски народ.. Истиот реферат, многу подоцна - се разбира, беше проучуван од академик Блаже Ристовски. Кога овој го објави Рефератот во Р. Македонија, истиот исчезна од Бугарскиот архив, а Бугарите велеа: „таков документ никогаш не сме имале“!!!
 
Никола Вапцаров бил Македонец, без сомневање. Но, бугарските власти, истите оние кои ги тераа муслиманите (Турци, Роми, Помаци) да си ги менат имињата, истите оние бугарски власти кои имаа концентрациони логори (во Белене, на пример) за антикомунистите и Македонците во Бугарија (во затворот во Стара Загора, 70-80 % од затворениците беа судени за „македонскиат вапрос“) се дрзнаа неговата мајка на стари години да ја влечкаат ваму -таму, таа да кажува дека нејзиниот син бил Бугарин и само за Бугарија мислел!
 
И неговата сопруга Бојка (не знам, но може уште да е жива), истата онаа која го изневеруваше Никола додека овој беше жив, па тој сакаше да се разведе од неа, до скоро упорно ја докажуваше „бугарштината на Никола“! Но, преку неговата поезија, на сите бугарски фалсификатори Вапцаров им порачува: простете, но Бугарија за мене е туѓа земја- само Македонија е мојата татковина!
 
 
'''Главното прашање: чиј е Вапцаров?'''
 
Македонците мора да сфатат: како член на БКП и борец за правата на работниците (Бугари, Македонци, Турци...) во Бугарија, тој е дел од бугарската историја. Со тоа што пишувал на бугарски литературен јазик, тој е исто дел од бугарската литература!
 
Бугарите мора еднаш за секогаш да разберат: Никола Вапцаров бил етнички Македонец, борец за Македонија како посебен национален и културен идентитет, поет на македонскиот народ, кој ете се послужил со туѓ јазик! Со признавањето на Македонците, најголемите победници ќе бидат Бугарите, зашто само така тие ќе се ослободат од митологијата која и тоа како им ги притиска главите. [[Корисник:Ev-la|Ev-la]] 08:33, 27 Јануари 2006 (UTC)
Назад на страницата „Никола Вапцаров“.