Хромозом: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
'''Хромозомите''' (од [[Грчки јазик|грчки]] ''chroma'' - боја) се основни носители на наследните својства кај живите [[Организам|организми]]. Нив ги има во 2 форми - спирализирана и деспирализирана, во зависност од тоа во кој степен од [[Делба на клетките|клеточната делба]] се набљудуваат. Кај [[Бактерија|бактериите]] и [[Археа|археите]], хромозомите се состојат од едноставни кружни [[ДНК]] молекули кои се движат слободно во организмот (т.е. клетката), додека кај сите други форми на живот ([[еукариот]]и), хромозомите се наоѓаат во [[Клеточно јадро|клеточното јадро]]. Исто така, кај еукариотите, формата на овие структури е линеарна, а не кружна.
 
Составни елементи на хромозомите се: [[Хроматида|хроматидите]], [[Хромонема|хромонемите]], [[хромомер]]ите, [[центромер]]от (примарно стеснување), [[сателит (хромозом)|сателит]]от (секундарно стеснување), [[теломер]]ите и [[матриксматрица (хромозом)|матриксматрицата]]от. Кај телесните [[Човек|човечки]] [[Клетка|клетки]] има 46 ([[диплоид]]ен број) хромозоми, додека кај половите има 23 ([[хаплоид]]ен број).
 
Вкупниот збир на хромозомите во една клетка, кој е карактеристичен за даден организам, се нарекува [[кариотип]]. Во телесните клетки на речиси сите [[растенија]], [[животни]], [[габи]] и останати организми постојат хромозомски парови - еден хромозом од мајката и еден од таткото. Ваквите хромозоми се нарекуваат [[Хомологни хромозоми|хомологни]], додека збирот од хомологните хромозоми го дава [[диплоид]]ниот хромозомски број. Во кариотиповите на разделнополовите организми има еден или неколку парови на [[полови хромозоми]], кои кај одделните полови се разликуваат по морфологијата. Останатите, неполови хромозоми, се нарекуваат [[автозом]]и. Кај [[цицачи]]те, во половите хромозоми, се локализирани гени кои го определуваат полот на организмот, додека кај [[Винска мушичка|винската мушичка]] (''Drosophila melanogaster''), полот го определува соодносот помеѓу половите хромозоми и автозомите ([[балансна теорија за определување на полот]]).