Походи на Александар Македонски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
Напуштајќи го Египет, Александар продолжил кон Асирија и на 01.10.331.год.п.н.е. го победил Дариј уште еднаш во [Битка кај Гавгамела | битката кај Гавгамела](веројатно близу до Мосул, денешен Ирак). Повторно Дариј бил принуден да побегне од бојното поле, но овојпат Александар го следел до Арбела, откаде овој пребегнал во Екбатана (денешен Иран).
 
Потоа Александар тргнал кон [[Вавилон]]. Од Вавилон, Александар се упатил во Суса, еден од главните градови на Персија, и го освоил неговото легендарно богатство. Испраќајќи ја главнината од својата војска кон главниот град на Персија [[Персеполис]], Александар ги нападнал и освоил Портите на Персија (денес планината Загрос), а потоа побрзал кон [[Персеполис]] пред неговата војска да го опљачка богатството на градот. За време на нивниот претстој во градот, избил пожар во палатата на Ксеркс и се проширил низ остатокот од градот.
 
По освојувањето на [[Персеполис]], Александар ја продолжил потерата по Дариус. До тогаш, Персискиот крал веќе бил заробен од Бесус, неговиот Бактријски сатрап и сонародник. Додека Александар наближувал, Бесус наредил да го убијат Дариј, а потоа се прогласил за негов наследник под името Артаксеркс 5. и се повлекол во централна Азија од каде организирал герилски напади против Александар. Со смртта на Дариј, Александар ја прогласил осветничката војна за завршена, и ги ослободил своите грчки и други сојузници од својата војска, но им дозволил на доброволците да останат како платеници.
 
Неговата понатамошна тригодишна воена кампања, прво против Бесус, а потоа и против Спитамен, сатрап од Согдијана, го одвела Александар низ повеќе делови на денешен Авганистан и Таџикистан. Притоа, формирал повеќе градови со името Александрија, од кои некои постојат и денес, на пример Кандахар во Авганистан и Хуџанат во Таџикистан. Во тие походи, неговите противници биле поразени: Бесус во 329., а Спитамен во 328г.п.н.е.