Капитолски музеи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Пренасочување кон Капитолинските музеи
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Image:CampidoglioEng.jpg|thumb|right|350px|Планот на Микеланџело за плоштадот Кампидољо. Гравура од Етјен Дуперак, 1568.]]
#redirect[[Капитолинските музеи]]
 
'''Капитолинските музеи''' (итал. ''Musei Capitolini'') се група уметнички и археолошки музеи на ритчето [[Капитолино]] во [[Рим]] сместени на плоштадот [[Кампидољо]]. Музеите се сместени во три палати кои го опкружуваат трапезоидниот плоштад. Планот за плоштадот го направил [[Микеланџело Буонароти]] во 1536. Историјата на музеите може да се следи наназад до 1471, кога [[папа]]та Сикстус IV ја подарил колекцијата од важни антички бронзени скулптури на народот на Рим и ги сместил на ридот. Оттогаш, музејската колекција постојано растела и вклучувала антички статуи, натписи и други артефакти; подоцна, колекции на средновековна и ренесансна уметност, колекција на скапоцени камења, монети итн. Музеите се во сопственост и управувани од градот Рим.
 
Во центарот на плоштадот денес се наоѓа статуа на коњаник, која е копија на оригиналната римска статуа на [[Марко Аурелиј]]. Оригиналната статуа се наоѓа во музејот. Многу антички римски статуи биле уништени како паганско наследство во текот на вековите во Рим, оваа преживеала бидејќи се мислело дека го претставува [[Константин I Велики]], заштитникот на христијанството.
 
 
==Згради==
 
[[Image:Muzeum Kapitolinskie.JPG|thumb|300px|Палатата на конзерваторите е една од трите главни згради на музеите.]]
[[Image:Capitolinemuseums22.jpg|thumb|right|300px|Галерија]]
 
Капитолинските музеи се три главни згради на плоштадот Кампидољо поврзани со подземна галерија под плоштадот. Трите главни згради се:
* Палата на сенаторите, изградена во 12. век и модифицирана според дизајнот на Микеланџело,
* Палата на конзерваторите, изградена во средината на 16. век и редизајнирана од Микеланџело,
* Нова Палата, изградена во 17. век со идентична фасада како Палатата на конзерваторите наспроти неа.
 
Покрај тоа, Палатата Кафарели-Клементино од 16. век била додадена на музејскиот комплекс во раниот 20. век.
 
 
===Палата на конзерваторите===
 
Овде се сместени колекции на антички скулптури, најмногу Римски, но и антички грчки и египетски. Главните скалила содржат импресивен релјеф во мермер во чест на Марко Аурелиј. На вториот кат е сместена и познатата Етрурска волчица која според легендите ги одгледала Ромул и Рем - основачите на Рим.
 
На третиот кат се сместени колекции од применета уметност, монети, накит, скапоцени камења и медали.
 
[[Image:Galeria-capitolino.jpg|thumb|left|300px|Галерија]]
 
===Нова палата===
Двата ката на Новата палата се исполнети со статуи, инскрипции, саркофази, бисти, мозаици и други антички римски артефакти.
 
Во салата на Галот може да се види статуата на Галот на умирање, статуата на Купидон и Психа, Капитолинската Венера, и други познати дела.
 
===Новото крило===
[[Image:Musei Capitolini-testa bronzea di Costantino-antmoose.jpg|thumb|250px|Бронзена статуа на [[Константин I Велики]], веројатно оригинално од Базиликата Максенциус, сместена во новото крило.]]
 
Во новата сала со стаклен покрив - Салата на Марко Аурелиј, создадена со покривање на една внатрешна градина од палатата е сместена статуата на Марко Аурелиј во бронза, која го прикажува како коњаник. Во оваа сала се и темелите на храмот на Јупитер, кој се издигал над античкиот Рим и доминирал со своите огромни димензии. Во ходниците пред салата се изложени скапоцени грчки и етрурски вазни кои се подарок од Аугусто Кастелани во средината на 19. век.
 
 
==Колекција==
 
Други познати скулптури во музејот:
 
*Познатата „Медуза“ од [[Бернини]].[http://en.museicapitolini.org/servizi/news/completato_il_restauro_del_busto_di_medusa_di_gian_lorenzo_bernini]
*[[Колосот на Константин]]
 
<gallery>
Image:Medusa Bernini Musei Capitolini.jpg|Медуза од Бернини
Image:Capitoline Venus Musei Capitolini MC0409.jpg|Капитолинска Венера
</gallery>
 
==Референци==
{{Commons|Musei Capitolini}}
* [http://www.museicapitolini.org/en/index_msie.htm Официјална страница на Капитолинските музеи (англ.)].
 
* [http://www.museicapitolini.net Истражувачка страница на Капитолинските музеи (англ./герм./итал.)].
 
{{coor title dms|41|53|35|N|12|28|57|E|region:IT-RM_type:landmark_source:dewiki}}
 
 
[[Категорија:Музеи]]
[[Категорија:Пјаци во Рим]]
 
 
[[ca:Museus Capitolins]]
[[de:Kapitolinische Museen]]
[[es:Museos Capitolinos]]
[[fr:Musées du Capitole]]
[[it:Musei capitolini]]
[[nl:Musei Capitolini]]
[[ja:カピトリーノ美術館]]
[[pt:Museus Capitolinos]]
[[fi:Musei Capitolini]]
[[sv:Kapitolinska museerna]]