Книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Брише kn:ಸಾಹಿತ್ಯ (deleted)
дополнување, викификација
Ред 35:
=== Други видови на прозна литература ===
[[Философија]], [[историја]], [[новинарство]], како и легалните и научни трудови традиционално се сметаат за литература. Во нив спаѓаат некои од најстарите прозни записи во постоење; романите и прозните приказни се наречени „фикција“ со цел да се прави разлика меѓу нив и фактичкиот запис, кој писателите историски го сметаат за проза.
 
== Извори на литература ==
Најстарите извори на литературата се митот и фолклорот
 
=== Мит ===
Најстари извори на литературата се митовите.
 
Митот е фантастична [[приказна]], создадена во најдалечното [[минато]] во која се раскажува за она што се случило на самиот почеток. Тоа се народни [[приказни]] во кои луѓето во недостаток на научни сознанија создавале фантастични објаснувања. Митовите се всушност приказни за создавањето на земјата, небесните тела, човекот, животните итн.; тие се прв обид за толкување на стварноста, за природните феномени како менувањето на денот и ноќта, годишните времиња, грмотевицата итн.; тие се прв учебник за моралот и доброто однесување на човекот.
 
'''Митовите се поделени на:'''
 
1. митови за создавање на космосот (редот) - [[космогониски митови]];
2. митови за настанокот на живиот свет;
3. митови за настанокот на небеските тела;
4. митови за крајот на светот - [[есхатолошки митови]].
 
 
Митовите се сакрални (свети) творби, а не литературни, но им служат на литературните творби како богат извор на мотиви употребувани до ден-денес.
 
Разни народи со текот на времето создавале бројни [[митски приказни]] оформувајќи збир од митови наречен [[митологија]].
Сите делови на светот имаат своја [[митологија]], но најпознати се: египетската, сумерската, индиската, кинеската, древномакедонската (балканска, „старогрчка“), римската и др.
 
=== Фолклор ===
Фолклор е целокупното духовно творештво на еден [[народ]]. Тука ја подразбираме освен народната литература и севкупната [[народна традиција]] и народните [[обичаи]], народните верувања, народната музика и игра ([[ора]]), како и народната материјална култура - ликовна орнаментика, народни носии, занаети, [[архитектура]] итн.
 
Народната литература води потекло од митологијата. Од обредните песни посветени на божествата и од митолошките приказни подоцна се развиле нови литературни творби познати како народна литература.
 
== Литературна критика ==