Национален јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 11:
Националниот јазик функционира преку две пројави:
 
1. '''Нестандардната пројава''' на јазикот е природно средство за [[комуникација]] која ги опфаќа: дијалектите, социолектите, жаргоните и другите форми кои немаат општонароден карактер. Овие форми на општење се употребуваат неофицијално во секојдневниот [[живот]]. Тие се карактеризираат со незадолжителен изговор на гласовите, разновидни морфосинтаксички средства, богата [[фразеологија]] итн.
Нестандардната пројава на јазикот може да се сретне и во усна и во писмена форма (многу поретко).
 
2. '''Стандардната пројава''' на јазикот е официјално средство за [[комуникација]]. Стандардниот јазик има точно определени правила за употреба (јазична норма). Јасно се дефинирани: изговорот на гласовите, граматичките правила и стандардизираната лексика. Се јавува во усна и писмена форма.
 
Во националниот јазик се содржани и нестандардните ([[дијалект]], [[жаргон]]), како и стандардните (литературниот јазик) форми на [[комуникација]].