Саксонска Швајцарија (округ): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{About|округот|повеќе познатиот регион со истото име|Саксонска Швајцарија}} {{Infobox German d...
(нема разлика)

Преработка од 21:59, 30 август 2012

Зексише Швајц (познат под името Саксонска Швајцарија, германски: Sächsische Schweiz) е поранешен округ (Kreis) во јужниот дел на Саксонија, Германија. Соседни окрузи биле (од запад во насока на стрелките на часовникот) Вајсерицкрајс, урбаниот округ Дрезден и окрузите Каменц и Бауцен. На југ се граничел со Чешка.

Зексише Швајц
Sächsische Schweiz

округ
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Адм. подр.Дрезден
Укинат01.08.2008
СедиштеПирна
Површина
 • Вкупна887,88 км2 (342,81 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно147,180
 • Густина170/км2 (430/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.PIR
Мреж. местоlra-saechsische-schweiz.de

Историја

Округот бил создаден во 1994, кога двата окрузи Зебниц и Пирна биле споени. Во август 2008 како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Зексише Швајц и Вајсерицкрајс биле споени во новиот округ Зексише Швајц-Остерцгебирге.

Географија

Округот бил именуван по регионот - Саксонска Швајцарија - кој претставува најпланинскиот регион во Саксонија. На запад се Рудните Планини, а на исток Лужичките Гори. Реката Елба тече низ Елбските Песочни Планини и го дели на два дела планинскиот масив. Највисоката точка на округот е Oelsener Höhe со 644 метри на југозападот од округот, додека најниската точка е долината на Елба на граница со Дрезден на само 109 метри надморска височина.

Грб

  Грбот ја прикажува географската местоположба на округот. Двете зелени површини ги претставуваат шумите во планинските области, белата брановита линија во средината ја претставува реката Елба. Грбот бил создаден од Хорст Торка од Пирна.

Градови и општини

Градови Општини
  1. Бад Готлојба-Бергисхибел
  2. Бад Шандау
  3. Дона
  4. Хајденау
  5. Хонштајн
  6. Кенигштајн
  7. Либштат
  8. Нојштат во Саксонија
  9. Пирна
  10. Зебниц
  11. Штат Велен
  12. Штолпен
  1. Баретал
  2. Дома
  3. Дирерсдорф-Дитерсбах
  4. Гориш
  5. Кирничтал
  6. Ломен
  7. Миглицтал
  8. Поршдорф
  9. Ратен
  10. Ратмансдорф
  11. Рајнхартсдорф-Шена
  12. Розентал-Билатал
  13. Штрупен

Поврзано

Надворешни врски

50°58′N 13°56′E / 50.967° СГШ; 13.933° ИГД / 50.967; 13.933