Санторини: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Додава war:Santorini
сНема опис на уредувањето
Ред 60:
Разурнувачката вулканска ерупција на Тера станала најпознат настан кој се случил во Егејското море и пред падот на Троја. Тоа можеби и била најголемата вулканска ерупција што се случила на Земјава во последниве неколку илјадици години.
Силната ерупција била со центар на малиот остров само малку на север од постоечкиот остров Неа Камени во центарот на калдерата; самата калдера била создадена пред неколку стотици илјади години со паѓањето на центарот на тркалезниот остров предизвикано од испразнувањето на собата со магма за време на ерупцијата. Од тогаш тоа неколку пати се полнело со игнимбрите и тој процес се повторувал неколку пати, најбрзо се случило пред околу 21,000 години. Северниот дел на калдерата повторно бил наполнет од страна на вулканот и потоа пак се срушила за време на минојската ерупција. Пред минојската ерупција, калдера сочинувала скоро продлжен прстен со само еден влез помеѓу малите острови Аспрониси и Тера; ерупцијата уништила некои делови од прстенот помеѓу Аспрониси и Терасија и помеѓу Терасија и Тера, создавајќи при тоа 2 нови канали.
На Санторини може да се пронајдат и резерви на бела [[тефра]] кои се создале при ерупцијата, а се наоѓа до 60 м дебелина покривајќи ја почвата и со тоа го означува нивото на почвата пред ерупцијата и формира слој кој е поделен во 3 сосема различни групи кои укажуваат на различните фази на ерупцијата. Новите археолошки истражувања кои биле правени во 2006 година од страна на екипа странски научници, откриле дека овај настан во Санторини бил дури и поголем отколку што се мислело претходно; тој исфрлил 61км³ магма и карпи во атмосферата на Земјата во споредба со претходно утврдените 39 км³ во 1991 година, создавајќи ги проценетите 100 км³ тефра. Во последниве 5,000 години само вулканската ерупција на Планината Тамбора во 1815 година, ерупцијата на Езерото Таупо во 181 година н.е, а можеби и ерупцијата на Планината Баекду во 969 година н.е испуштиле повеќе материјал во атмосферата.
=== '''Претпоставка за поврзаноста со Егзодусот''' ===
Во 2006 година, документарецот направен од страна на режисерот Симча Јакобовичи насловен како ''Дешифрирање на егзодусот'' ,упатувале на тоа дека ерупцијата на вулканот на островот Санторини се случила поради сите опишани библиски напасти против Египет. Филмот укажува на тоа дека Хиксос биле Израелити и дека некои од нив потекнивале од Микена. Во филмот исто така се тврдело дека овие правилни микенски Израелити го напуштиле Египет (со кој тие и еден период владееле) после ерупцијата и се вратиле во Микена. Фараонот кој тие го поврзуваат со Фасраонот на Егзодусот е Ахмосе I.Наместо да го поминат Црвеното море, Јакобовичи спорел околу мочурливото подрачје во северен Египет кој бил познат под името „Црвено Море“ кое можеби било исушено и преплавено од страна на цунамито кое го предизвикало срушувањето на калдерат и можеби можело да се премини во периодот на Егзодусот.