Ханс Ајзенк: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додаје: zh:汉斯·艾森克
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
Ајзенк е роден во [[Германија]], во [[семејство]] на родители – актери кои се развеле кога тој имал само две години. По разводот на родителите за него продолжила да се грижи неговата [[баба]]. Во Германија останал се до неговата 18 годишна возраст кога на власт доаѓаат нацистите, па за него како активен еврејски симпатизер било опасно да остане таму. Од овие причини заминал за [[Англија]] кадешто го продолжил своето [[образование]] на универзитетот во [[Лондон]] и во [[1940]] година докторирал на одделот за [[психологија]].
 
Во текот на Втората светска војна работел како психолог во еден болнички ургентен [[центар]] каде спровел истражување за релијабилноста на психијатриските дијагнози. Добиените резултати биле причина, до крајот на животот да остане остар противник на општоприфатените принципи во клиничката психологија.
 
По војната, држел предавања на универзитетот во Лондон, а бил и директор на одделот за психологија при институтот за [[психијатрија]] кој бил поврзан со витлеемската кралска [[болница]]. Има напишано 75 книги и околу 700 членоци со што претставува еден од најплодните писатели од областа на психологијата. Се пензионирал во [[1983]] година, но продолжил да пишува се до неговата [[смрт]].