Владо Камбовски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Владо Камбовски''' ({{роден во|Битола}}, {{роден на|5|јануари|1948}}) е моментален претседател на МАНУ.
 
Камбовски во родниот град го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Правниот факултет во [[Скопје]] во учебната 1969/1970 година кога бил избран за асистент на Катедрата за кривично право на Правниот факултет во Скопје. Во учебната 1972/73 година се запишал на постдипломски студии по казнено право на Правниот факултет во [[Загреб]].
 
Студиите ги завршил со одличен успех и во мај [[1975]] година ја одбранил магистерската работа на тема “''Доброволно откажување од извршување кривично дело''”. Од [[15 јули]] [[1975]] до [[1 јуни]] [[1976]] бил на отслужување на воениот рок.
 
Во 1977 година бил избран за предавач и држел предавања по кривично право на правните факултети во Скопје и во Битола, како и на Факултетот за безбедност во Скопје. Во [[1980]] година на Правниот Факултет во Скопје ја одбранил докторската дисертација. Истата година бил избран за доцент по предметот кривично право, а потоа и за декан на Факултетот за безбедност, која должност ја вршел до 1984 година. Од 1984 до 1986 година ја вршел должноста директор на Институтот за социолошки и политички - правни истражувања во Скопје. Во 1986 бил избран за потпреседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ, а од 1989 до почетокот на 1992 бил избран за член на Сојузниот извршен совет и сојузен секретар за правосудство и управа. Од 1 декември 1998 до декември 1999 ја вршел должноста Министер за правда во Владата на Република Македонија.