Помош:Проверка на страници: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:

Газа
== Газа ==

Етимологија

'''Етимологија'''

Според Зев Вилнеј, името “Газа” од апарски “Газза” по потекло доаѓа од кананскиот / хебрејски корен за “силен“ (ʕZZ) и бил воведен во арапскиот јазик преку Хебрејски "ʕazzā" –“силниот“. Според Мариам Шахин, Кананите и го дале името на Газа, античките Египќани ја нарекувале "Ghazzat" (вреден град) и Арапите често спомнувајќи ја како "Ghazzat Hashi" во чест на Хашим, славниот прадедо на Мухамед, кој бил закопан во градот според исламското знаење.
Историја
Историјата за живеалиштата во Газа датира 5.000 години наназад, што го прави градот еден од најстарите градови во светот. Лоциран на Медитеранската крајбрежна линија помеѓу северна Африка и Левант, во поголемиот дел од неговата историја служел како клучен транзит на јужна Палестина и важно попатна станица на патот за размената на зачини, пресекувајќи го Црвеното Море.

'''Бронзена ера

Населувањето во регионот на Газа датира наназад до Тел ас-Сакан, античка египетска тврдина изградена на Кананитска територија јужно од денешна Газа. Местото почнало да пропаѓа за време на Раната бронзена ера II како што трговијата со Египет нагло се намалила. Уште еден градски центар познат како Тел ал-Ајул започнал да се развива долж речното корито на Вади Газа (Wadi Ghazza). За време на Среднато бронзена ера повторно оживеаната Тел ес-Сакан станала најјужниот локалитет во Палестина, служејќи како тврдина. Во 1650 година пр.н.е., кога Кананите “Хиксос” го окупирале Египет, се развил втор град на рушевините на првиот Тел ас-Сакан. Сепак бил напуштен до 14-от век пр.н.е. на крајот од Бронзената Ера.

'''Антички Период

Газа подоцна служела како главен административен град во Канан. За време на владеењето на Тутмосис III, градот станал станица на сириско-египетската караванска маршута, и бил спомнуван во писмата Амарна како“Aзати”.
Газа останала под египетска контрола 350 години, се додека не била освоена од Филистинците во 12 –от век пр.н.е. станувајќи дел од нивниот “пентаполис”. Според книгата на судиите, Газа била местото каде што Самсон бил затворен од Филистинците, и каде што починал.
Ред 14 ⟶ 26:
Александар Македонски ја запоседнал Газа која била последниот град кој давал отпор на неговиот освојувачки пат кон Египет, за 5 месеци пред конечното освојување во 332 година пр.н.е. жителите биле или убивани или заробени. Александар донел локални Бедуини за да го населат градот и го преуредил градот во полис (град-држава). Грчката култура следбено се вкоренила и Газа добила репутација за центар во кој цвета хеленистичкото учење и филозофија. Газа доживеала уште една опсада 96 година пр.н.е. од Хасмонианскиот крал Александар Јанај, кој потполно го уништил градот убивајќи 500 сенатори кои пребегале во храмот на Аполо за да се спасат. Џосепус бележи дека Газа била повторно населена под власта на Антипас кој развил пријателски односи со Газите, Аскалоните и соседните Арапи откако бил назначен за управник на Идумеа од Јанај. Реизграден откако бил соединет во Римската империја во 63 година пр.н.е под команда на Помпеј Магнус (Велики), Газа беше повремено под власта на Херод Велики пред да стане дел од римската провинција на Сирија. Таа беше цел на бунтот на Евреите против римското владеење во 66 година пр.н.е. и беше делумно уништена. Сепак остана важен град, уште повеќе по уништувањето на Ерусалим. За време на римскиот период Газа беше напреден град и примаше средства и внимание од неколку императори. Сенат од 500 членови управуваше со Газа, Филистинци, Грци, Римјани, Кананити, Фениканци, Евреи, Египќани, Персијци и Бедуини, беа населени во градот. Обележјата на паричките во Газа биле од богови и владетели. За време на својата посета во 130 година од н.е. императорот Хадриан лично вовел натпреварување во борење,боксување и ораторство на новиот стадион во Газа кој станал познат од Александрија до Дамаск. Градот бил украсен со многу пагански храмови, главен култ бил тој од Марнас. Други храмови им биле посветени на Зевс, Хелиос, Афродита, Аполон, Атина и локалниот Тајч. Христијанството почнало да се шири низ Газа во 250 година од н.е.,последно во пристаништето Маиума. Духовното будење за Христијанството во Газа се забрзало под власта на Свети Порфириј помеѓу 396 и 420 година. Во 402 година тој наредил сите осум пагански храмови во градот да бидат уништени и четири години подоцна императорката Елија Евдокија ја наредила (наложила) градбата на црква врз рушевините на храмот на Марнас.

'''Стариот град и околиите

Стариот град го формира главниот дел од јадрото на Газа. Тој е грубо поделен во два кварта ,северниот Дарач (познат како муслимански кварт) и јужниот Зајтун (познат како Христијански кварт). Најмногу од градбите датираат од периодот на Мамлук или од Отоманскиот период, а некои се изградени над постари градби. Древниот дел на Стариот Град има околу 1.6 квадратни километри(0,6ми2).

Ред 23 ⟶ 37:
Во доцните 1990-ти години Палестинските национални власти (ПНВ) го основаа богатото соседство на Тел-Ал Хава покрај јужниот раб на Римал. Покрај јужниот брег на градот е маалото на Шеик Иџлин.

'''Клима

Газа има релативно умерена медитеранска клима со благи зими и суви, топли до жешки лета. Пролетта пристигнува околу март-април, а најтоплите месеци се јули и август, со просечна темпрература од 330С (910Ф). Најстуден месец е јануари со вообичаена температура од 70С (450Ф). Дождот е оскуден и генерално паѓа помеѓу ноември и март, со годишно ниво од приближно 4,57 инчи (116мм).

'''Демографија

Според отоманските податоци за данок од 1557 година, Газа имала 2.444 машки даночни обврзници. Статистиката од 1569 година покажува дека имала 456 муслимански домакинства, 115 самци, 59 религиозни луѓе и 19 хендикепирани. Покрај тоа, во отоманската војска како муслимани имало 141 војник (џундијан).
Од христијаните имало 294 домакинства, 7 самци, а имало и 73 еврејски и 8 самарјански домаќинства. Вкупно, се проценува дека во Газа живееле 6.000 луѓе, што ја прави најголем град во Палестина по Ерусалим и Сафад.
Ред 33 ⟶ 52:
По арапско-израелската војна од 1948 година, масовниот прилив на палестински бегалци ја зголемиле популацијата на Газа. До 1967 година, бројот на популацијата (населението) пораснал за околу 6 пати од бројот во 1948 година. Во 1997 година, 51,8% од жителите на Газа биле бегалци или нивни потомци. Градското население продолжило да се зголемува од тогаш до 2009 година со 449.221 жител, со што станал најголем град на палестинските територии. Газа во светот ја има една од највисоките вкупни стапки на раст и густина на население од 9.982,69/км2 (26.424,76/мi2). Сиромаштијата, невработеноста и лошите услови за живот се широко распространети и многу жители за да преживеат се потпираат на помошта во храна од Обединетите Нации.

'''Религија

Населението на Газа е е главно составено од муслимани кои зборуваат арапски, кои воглавно го следат Сунитскиот Ислам. Додека биле под Фатимидите, Шиитскиот ислам бил доминантен во Газа, но после освојувањето на градот од Саладин, тој ја промовирал стркитно Сунтиската религиска и образовна политика која во тоа време беше инструмент за здружување на неговите арапски и турски војници.
Постои мала група (малцинство) од околу 3.500 арапски христијани во градот. Мнозинството на христијаните во Газа живеат во квартот Зајтун во Стариот Град и припаѓаат на грчката православна, римо- католичката и баптистичката вероисповед.
Ред 40 ⟶ 61:
Во истражувањето на земјата и населението од Хадави Газа имала население од 34.250 жители, вклучувајќи 80 Евреи во 1945 година. Најмногу од нив го напуштиле градот по војната во 1948 година, поради взаемната недоверба помеѓу нив и арапското мнозинство.
'''Економија -19-ти век

Газа беше помеѓу шесте градови кои произведуваа сапун во Палестина, засенета од Наблус. Фабриките на Газа се снабдуваа од трговците на Наблус и Салт, Јордан. Пристаништето на Газа беше засенето од пристаништата Јафа и Хаифа, сепак, тоа ја задржа неговата риболовна флота. Иако неговото пристаниште беше неактивно, трговијата цветаше заради стратешкото место. Најмногу од караваните и патниците кои доаѓаа од Египет застануваа во Газа за набавки, како Бедуините од Маан источно од Вади Араба, ги купуваа сите сорти на залихи на храна од градот за да ги продаваат на муслиманските аџии кои доаѓаа од Мека. Базарите на Газа беа добро снабдени и според Едвард Робинсон биле „далеку подобри“ од оние во Ерусалим. Нивно главно комерцијално растение беше памукот кој беше продаван на владата и на локалните арапски племиња.

'''Современа економија

Економијата на Газа порасна за 8% во првите 11 месеци од 2010 година, и за 5,4% во 2009 година.
Економската активност е обемно потпомогната од помош од странски донации.
Ред 54 ⟶ 79:
Економските услови во Газа стагнираат на долг период и повеќето развојни показатели се намалуваат. За време на блокадата цените за храната пораснаа, со цената на пченичното брашно која порасна за 34%, на оризот за 21% и пудрата за бебиња за 30%. Бројот на жителите на Газа кои живеат во апсолутна сиромаштија нагло се зголеми, во 2008 година 80% се потпираат на хуманитарна помош, споредено со 63% во 2006 година. Во 2007 година, домаќинствата трошеа во просек 62% од нивниот вкупен приход на храна,споредено со 37% во 2004 година. За помалку од една деценија бројот на семејствата кои зависеа од помошта во храна која ја добиваат од Агенцијата за олеснување и работа на Обединетите Нации, порасна десеткратно.

'''Култура

Културни центри и музеи

Културни центри и музеи'''

Културниот центар Рашад Шава, кој се наоѓа во Римал, беше завршен во 1988 година и именуван по неговиот основач, поранешниот градоначалник Рашад ал-Шава. Културниот центар, двокатната зграда со триаголен план, изведува три главни функции: место за состаноци за големи собири за време на годишните фестивали, место за изложби (галерија) и библиотека.
Францускиот културен центар е симбол на француското партнерство и соработка со Газа. Таму се одржуваат уметнички изложби, концерти, се прикажуваат филмови и други активности. Секогаш кога е возможно, се покануваат француски уметници за да ги прикажат нивните уметнички дела и с† почесто, палестински уметници од Појасот Газа и од Западниот брег се поканети да учествуваат во уметничките натпревари. Основано во 1998 година, селото за уметност и занаетчиство е детски културен центар кој за цели ги има промовирање на сеопфатната, редовна и периодична документација на креативната уметност во сите нејзини форми. Во голем обем се дружеа класа уметници од различни националности и организираа околу 100 изложби за креативна уметност, керамика, цртежи( графика), резбарство и друго. Близу 10.000 деца од целиот Појас Газа имаат корист од селото за уметност и занаетчиство.
Ред 64 ⟶ 93:

'''Кујна

Палестинска кујна

Палестинска кујна'''

Кујната од Газа се карактеризира со обилна употреба на зачини и лути пиперчиња. Други главни вкусови и состојќи се: копар, блитва, лук, ким, леќа, слануток (леблебија), калинки, кисели сливи и тамаринд. Многу од овие традиционални јадења се приготвуваат во глинен сад (лонец), кој ги задржува вкусот и изгледот (текстурата) на зеленчукот и како резултат на тоа месото е расцепкано и меко.
Традиционално повекето јадења во Газа се сезонски и се потпираат на локални состојки од областа и околните села. Сиромаштијата исто така игра значајна улога во правењето на многу од градските едноставни јадења и варива без месо, како што се „салик ва адас“ – блитва и леќа, и „бисара“ – грав без лушпа пасиран со суви листови од јута и чили.
Ред 73 ⟶ 106:
Газа има неколку ресторани, повеќето од добро познатите се лоцирани во елитниот округ Римал. Ал-Андалуз, специјализиран за морска храна и е посебно популарен меѓу туристите, како што се и ал-Самак, првокласниот Рутс Клуб. Низ стариот град има улични тезги кои продаваат зготвени јадења како: грав, хумус, печени слатки компири, фалафел (ќофтиња) и ќебапи. Кафетериите често ги услужуваат мештаните со нагриле (шееша), арапско кафе и чај. Добро познатите слаткарници на Газа, „Шакала“ и „Арафат“ продаваат обични слатки производи и се наоѓаат на улицата „Вехда“. Алкохолот е реткост, и може да се најде само во клубот на плажата на Обединетите Нации.

'''Носии и украсување

Палестински носии

Палестински носии'''

Газата (ткаенина) се смета дека потекнува од Газа. Платното за фустаните од Газа често се ткае во близина на Мајдал (Аскалон). Црн или син памук или пругасто-розева и зелена ткаенина што се прави во Мајдел продолжила да се ткае низ Појасот Газа од бегалците од крајбрежните рамнински села до 1960-тите години. Фустаните имале тесни, затегнати и прави ракави.
Украсувањето било помалку густо отколку што се употребувало во Хеброн. Најпопуларните мотиви вклучувале: ножици (мукас), чешли (мушут) и триаголници (хиџаб) често поставени во збир од петки, седмици и тројки, што во арапскиот фолклор употребата на непарни броеви се смета дека е делотворна против урокливи очи (злото).
Во последниве децении Хамас и други исламски движења пробаа да ја зголемат употребата на хиџаб (марами за глава) меѓу жените од Газа, особено на урбаните и образованите жени и стилот на хиџабот воведен тогаш се разликуваше според класата и групниот идентитет.

'''Спорт

Палестинскиот стадион, палестинскиот национален стадион, се наоѓа во Газа и има капацитет од 10.000 луѓе. Служи како дом на палестинскиот национален фудбалски тим ( репрезентација), но по израелскиот воздушен напад, кој го оштети теренот на стадионот, домашните натпревари се играаат во Доха, Катар. Газа има неколку локални фудбалски тимови што учествуваат во Лигата на Појасот Газа. Тие се: Кидмат ал-Шатија (камот ал-Шати), Итихад ал-Шуџаија (околината Шуџаија), Спортскиот клуб Газа и ал-Зеитон ( околината Зеитон).

'''Влада

Денес Газа служи како административен главен град на управата Газа. Се состои од зградата на палестинско законодавно собрание како и седиштето на палестинските надлежни министерства. Првиот општински совет на Газа беше формиран во 1893 година под претседателство на Али Калил Шава. Модерното место на градоначалник, меѓутоа, започна во 1906 година со неговиот син Саид Ал Шава кој беше назначен за градоначалник од отоманските власти. Ал Шава ја надгледуваше изградбата на првата болница во Газа, неколку нови џамии и училишта, реставрацијата на големата џамија како и воведот на модерно обработување на земјата во градот.
На 24 јули 1994 година Палестинските национални власти ја прогласија Газа за прв градски совет на Палестинските територии. Палестинските општински избори во 2005-та година не беа одржани во Газа ниту во Кан јунис или Рафах туку званичниците на Фатах партијата одбраа помали градови, населби и села за да ги одржат изборите сметајќи дека ќе поминат подобро во помалку урбаните области. Но, противничката партија Хамас, го доби мнозинството на места во 7 од 10 општини одбрани за првиот круг со излез на гласачите од околу 80%. Во 2007 година имаше насилни судири помеѓу двете партии што оставија зад себе 100 мртви и резултираа со превземање на градот од Хамас. Нормално палестинските општини со население над 20.000 жителии што служат како административни центри имаат општински совети составени од15 членови вклучувајќи го и градоначалникот. Меѓутоа, сегашниот општински совет на Газа, се состои од 14 членови вклучувајќи го градоначалникот Рафит Ал Маки.

'''Сообраќај

Меѓународниот аеродром „Јасер Арафат“, кој се наоѓа во јужниот дел на Појасот Газа, моментално не функционира. Крајбрежниот пат „Рашид“ води низ крајбрежјето на Газа и го поврзува со останатото крајбрежје на Газа на север и југ главниот пат на Појасот Газа, улицата „Салад ал-Дин“ (сегашно „Виа Марис“) поминува низ средината на градот Газа поврзувајќи се со Даир ал- Балах, Кан Јунис и Рафа на Југ и Џабалија и Беит Ханаун на север. Северниот премин на Салах ад-Дин во Израел е преминот Ерез и преминот во Египет е преминот Рафах. Премините се затворени од Израел и Египет од 2007 година.
Улицата „Омар Мактар“ е главниот пат во градот Газа, која се движи од север кон југ, делејќи ја улицата „Салах ад-Дин“, која се протега од крајбрежјето Римал до Стариот Град каде завршува на пазарот за злато. Пред блокадата на Појасот Газа, постоеја редовни линии на заеднички такси до Рималах и Хеброн на Западниот брег.
Ред 93 ⟶ 135:

'''Комуналии

Според пописот од 1997 година на палестинското Централно биро за статистика, 98,1% од жителите на Газа без поврзани со државниот водовод вода, додека останатите употребуваа приватен систем. Околу 87,6 % беа поврзани на државен канализациски систем и 11,8 % употребуваа септичка јама. Блокадата на Газа многу го ограничи снабдувањето со вода на градот и неговиот канализациски ситем. Шестте главни бунари за пиење вода веќе не функционираат, и околу 50% од населението редовно немаат пристап до вода. Општината тврди дека е присилена да испумпува вода за граѓаните низ „солени бунари“ поради недостапноста на струја во некои од бунарите тие не успеаја да ги задоволат потребите на граѓаните.
Повеќето пречистителни станици имаат потешкотии при работа, и повеќе од 75% од необработената канализација во градот периодично доведуваше до бликнување на отпадна вода до домовите на жителите. Околу 20 милиони литри од непреработена отпадна вода и 40 милиони литри од делумно третирана вода дневно тече до Средоземното море, како последица на недостаток на струја, гориво и резервни делови на машините за пречистување во Газа. Општината тврди дека трупањето на сметот на улиците, патиштата, бунарите и претекувањето на канализацијата предизвикува ризик за избивање на болести и епидемија од инсекти, исто како и глувци во населените области.

'''Здравство

Една од првите болници во Газа била ал – Шифа („Лекот“), која, во областа Римал, ја основала Британската влада во ’40-тите години на минатиот век. Сместена во касарна, првично служела како карантин и за лечење на трескавични болести (фебрилни). Кога Египет управувал со Газа, овој оддел бил преместен и ал- Шифа станала централна болница на градот. Кога Израел се повлекол од Појасот Газа, по неговото окупирање во Суецката криза од 1956 година, Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер ја проширил и ја усовршил болницата ал-Шифа. Тој, исто така, наредил формирање на втора болница под истото име во областа Насер. Во 1957 година, карантинот и болницата за трескавична болест, повторно била изградена и била именувана како болница Насер. Денес, ал-Шифа останува најголемиот медицински комплекс во Газа.
Во текот на доцните ’50 години од минатиот век, Хаидар Абдел – Шафи, основал и водел ново здравствено управување, Бандар Газа („Регион Газа“). Бандар Газа изнајмувал неколку соби низ градот за да се постават владини клиники, но тие биле прилично основни, само обезбедување на основната грижа за лекување.
Ред 103 ⟶ 149:
Како резултат на рестрикциите на гориво и струја, болниците моментално имаат прекини во електричната енергија во траење од 8 до 12 часа дневно. Моментално има 60-70% пријавен недостиг на дизел кој е потребен за енергија на генераторите. Според Светската здравствена организација (СЗО), пропорцијата на пациентите на кои им е дадена дозвола за излез од Газа за медицинска грижа, се намали од 89,3% во јануари 2007 година до 64,3% во декември 2007 година, што е досега невидено ниско ниво.

'''Образование

Според ПЦБС, во 2007 година, приближно преку 90% од населението на Газа над 10 години беше писмено. Од градското население, 140.848 жители беа запишани на училиште (39,8% во основно училиште, 33,8% во средно и 26,4% во гимназија). Околу 11.134 луѓе добиле диплома како дипломирани студенти или повисоки дипломи.
Во 2006 година, во Газа имало 210 училишта, од кои 151 биле под раководство на Министерството за образование на палестинската национална власт, 46 биле под раководство на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа (АОНПР), а 13 се приватни училишта. Вкупно се запишале 154.251 ученици, а се работиле 5.877 наставници. Моменталната слаба економија сериозно влијаеше на образованието во појасот Газа. Во септември 2007 година, анкета спроведена од страна на АОНПР во појасот Газа, откри дека од четврто до девето одделение имало близу 80% стапка на неуспех, со 90% стапка на неуспех во математика. Во јануари 2008 година, детскиот фонд на Обединетите нации објави дека училиштата во Газа ги откаживале тие часови за кои била потребна голема потрошувачка на енергија, како информатичка технологија, научни лаборатории и додатни наставни активности.
Ред 109 ⟶ 157:
Јавната библиотека на Газа се наоѓа на улицата ал-Вада и има приближно 10.000 книги на арапски, англиски и француски јазик. Со вкупна површина од околу 1.410 квадратни метри (15.200 квадратни стапки), зградата се состои од два ката и подрум. Библиотеката била отворена во 1999 година по соработката на градоначалникот Аун Шава, општината Данкерк и Светската банка која датира од 1996 година. Примарните цели на библиотката биле да се обезбедат извори на информации кои ќе ги задоволат потребите на корисниците, да се обезбедат потребните средства за пристап до достапни извори на информации и организирање на различни културни програми како што се културни настани, семинари, предавања, филмски презентации, видеа, уметнички изложби и саеми на книги.

'''Географија

Централна Газа се наоѓа на низок и тркалезни рид со надморска височина од 45 метри (14 милји) над морското ниво. Голем дел од модерниот град е изграден на рамнината под ридот, особено на север и исток, формирајќи ги населбите во Газа. Плажата и пристаништето на Газа се наоѓаат 3 километри (1.9 милји) западно од јадрото на градот и просторот помеѓу нив е целосно изграден на ниски ридови.
Газа е 78 километри (48 милји) југозападно од Ерусалим, 71 километри (44 милји) јужно од Тел Авив, и 30 километри (19 милји) северно од Рафах. Околни места се Беит Лахија, Беит Ханун и Џабалиа на север, и селото Абу Мидаин, кампот за бегалци Буреиџ, и на југ градот Деир ал-Балах.
Општинската надлежност на градот, денес, претставува околу 45 квадратни километри (17 квадратни милји). Во ерата на британскиот мандат, урбаната или "изградена" област на Газа се состои од 7.960 квадратни километри (3.070 квадратни милји), додека руралната област е 143.063 квадратни километри (55.237 квадратни милји). Површината на наводнетата земја изнесува до 24.040 квадратни километри (9280 квадратни милји), а земјиштето засадено со житни култури зафаќа површина од 117.899 квадратни километри (45.521 квадратни милји).
Населението на Газа зависи од подземните води, како единствен извор за пиење, земјоделска употреба, и домашната залиха. Најблискиот поток е Вади Газа на југ, кој извира од Абу Мидеин по должината на крајбрежјето. Тој носи мала количина на вода во текот на зимата, а во текот на летото скоро и да нема вода. Најголем дел од неговата вода е пренасочена за Израел. Во водоносниот хоризонт на Газа по должината на брегот се наоѓа главниот водоносен хоризонт во појасот Газа и претежно се состои од плеистоцентни песочни камења. Како и поголемиот дел од појасот Газа, Газа има кватернерна почва, глинените минерали во почвата апсорбираат многу органски и неоргански хемикалии кои делумно го ублажуваат степенот на загадување на подземните води. Познат рид југоисточно од Газа, познат како Тел Ал Мунтар, има надморска височина од 270 стапки (82 м). Со векови се тврди дека тоа е местото на кое Самсон ги донел градските порти на Филистејците. Ридот е крунисан со муслимански храм (макам) посветен на Али ал-Мунтар ("Али од стражарницата"). Околу околните дрвја, постојат стари муслимански гробови и над вратата (надвратник) на храмот има два средновековни записи на арапски јазик.

:Вовлечен ред
[[http://en.wikipedia.org/wiki/Gaza]]<ref>http://en.wikipedia.org/wiki/Gaza</ref>