Катерина II (Русија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 27:
 
Секогаш била во тек со новостите и случувањата, а контактирала со големите умови во тој период како [[Волтер]] и [[Дидро]].
Царицата Елизабета Петровна починала на [[25 декември]] [[1761]], а по неколку дена Петар бил поставен за цар. Се уште бил нестабилна личност, склона кон бизарни испади. Во тоа време Катерина била бремена со второто дете зачнато со Орлов. Нејзините мајчински чувства во меѓувреме потполно згаснале и кога детето се родило таа го дала на едно семејство да го одгледа. Од почетокот на своето владеење Петар III се потсмевал на православната вера и му се воодушевувал на [[Фредерик Велики]]. Тој почнал преговори со него, иако бил најголемиот руски непријател. Помеѓу двете држави била потпишана спогодба со која Русија се обврзува на [[Прусија]] да и ги врати сите нејзини територии. Ова било многу непопуларен потег. Еден од неколкуте, како и оној кога Петар ја предупредил [[Австрија]] да се покори на барањата на [[Прусија]], за да не дојде во конфликт со нејзиниот нов сојузник, Русија. Рускиот цар и се заканувал и на [[Данска]], а потоа Петар III ненадејно ебил симнат од тронот.
 
Државниот удар се случил на [[9 јуни]] [[1762]], а главните актери биле браќата Орлов. Петар морал да потпише акт за [[абдикција]] и утредента Катерина со почесна стрелба и црквени ѕвона влегла во [[Санкт Петербург]]. Петар, пак, бил затворен во дворецот Рофшау во Шлуселбург. Три недели откако бил симнат од престолот на [[18 јули]] [[1762]] бил убиен. Катерина тврдела дека починал од излив на крв во мозокот, но сепак сите податоци укажувале на тоа дека браќата Орлов го убиле царот. Иако Катерина се ослободила од својот маж постоела уште една закана: човекот кого го нарекувале "''затвореник број еден''" царот [[Иван VI (Русија)|Иван VI]].
Во [[1762]] година откако се преселила во новиот Зимски Дворец во [[Санкт Петербург]], Петар дошол на власт како Петар III од Русија, но неговата ексцентрична политика ја отуѓила групата која Катерина ја добила. Григориј Орлов, љубовникот на Катарина, бил еден од водачите на заговорниците кои ја прокламирале Катерина како владетелка. Петар е убиен за помалку од шест месеци од доаѓањето на власт, [[17]] [[јули]] [[1762]] година. Постоел сомнеж дека Катерина била вмешана во убиството, но не се најдени докази.
 
Иван VI станал цар на Русија на [[5 октомври]] [[1740]] година кога имал само два месеца. Во негово име кратко владеела неговата мајка [[Ана Леополдовна]], сè до [[1741]] кога [[Елизабета Петровна]] ја симнала од престолот. Малиот Иван, со својата мајка и семејството бил испратен во прогонство, а потоа и затворен во тврдината [[Шлуселбург]]. Лишен од сите права, вклучувајќи ја и храната и дневната светлина, Иван со текот на времето полудел. И покрај тоа затвореникот претставувал сериозна пречка за Катерина. Затоа таа наредила во Шлуселбург да се постави стражар чија задача би било да го убие Иван во случај некој да се обиде да го ослободи. На [[5 јули]] [[1764]] поручникот [[Василиј Јаковљевич Митрович]] се обидел да го ослободи стариот цар. Во истиот момент биле убиени Митрович и Иван. Зад убиството се верува дека стоела Катерина.
 
== Владеење 1762-1796 ==