Катерина II (Русија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21:
 
Софија никогаш порано го немала видено својот сопруг и кога тоа се случило тој не и се допаднал. Големиот војвода бил целиот во лузни и речиси без коса. Сепак, бидејќи тој брак требало да ја доведе на чело на династијата таа покорно прифатила се што и било понудено. Го земала името Катерина Алексеевна и на [[21 август]] [[1745]], кога имала 16 години, со величествена церемонија, стапила во брак со Петар. Според многумина, првата брачна ноќ на новите сопружници им била катастрофална, бидејќи Петар повеќе сакал да си игра со своите војници отколку да се позанимава со својата сопруга.
 
Со текот на времето, додека тој станувал се понеурамнотежен таа учела [[руски јазик]] и се запознавала со православните верски ритуали. Меѓутоа, иако веќе седум години немале никаков однос, од неа се очекувало да роди престолонаследник. Знаејќи дека тоа нема да може да го изведе со својот маж, го пронашла својот прв љубовник, високиот дворски службеник [[Сергеј Салитков]] со кого забременила. Кога го родило момчето иако се знаело дека не е на Петар, му била дадена титула на голем војвода. На Салитков му било советувано да замине од [[Русија]], а бебето било предадено на царицата [[Елизабета]]. Останувајќи без љубовникот и детето, Катерина одлучила да пронајде нов љубовник. Овојпат тоа бил еден Полјак - грофот [[Станислав Поњатовски]]. Тој бил образован и нежен маж кој уживал во нејзиното друштво. Нејзиниот следен љубовник бил [[Грегорие Орлов]], офицер од царската гарда познат по својата убавина и физички способности, кој со текот на времето и станал корисен довереник.
 
Секогаш била во тек со новостите и случувањата, а контактирала со големите умови во тој период како [[Волтер]] и [[Дидро]]. Во [[1762]] година откако се преселила во новиот Зимски Дворец во [[Санкт Петербург]], Петар дошол на власт како Петар III од Русија, но неговата ексцентрична политика ја отуѓила групата која Катерина ја добила. Григориј Орлов, љубовникот на Катарина, бил еден од водачите на заговорниците кои ја прокламирале Катерина како владетелка. Петар е убиен за помалку од шест месеци од доаѓањето на власт, [[17]] [[јули]] [[1762]] година. Постоел сомнеж дека Катерина била вмешана во убиството, но не се најдени докази.