Катерина II (Русија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава lij:Catæn-a I de Ruscia
Ред 16:
== Животот пред доаѓањето на власт ==
 
Софија Аугуста Фредерика од Анхалт-Зербста, е родена во [[Штетин]] во [[Прусија]] (денес [[Полска]]), од Кристин Аугуст - татко и Јохане ЕлизабетеЕлизабета - мајка. Родена е како германка, во сродство со идните кралеви [[Густав III]] од Шведска и [[Карло XIII]] од Шведска. Во својата 15-та година таа станува кандидатка за сопруга на големиот војвода Петар Руски, внук на Петар Велики. Иако имала неколку конкурентки во борбата за таа позиција, изборот паднал на неа, бидејќи била од редот на ниско племство и се верувало дека поради тоа со неа лесно ќе се манипулира. Принцезата Софија била привлечна млада жена, која оставила силен впечаток на царицата.
 
Во [[1744]] година, царицата Елизабета од Русија ја одбрала Софија за жена на својот внук [[Петар III]] од Русија, својот избран наследник. Софија го променила името во Катерина кога била преобразена во руската православна религија. Нивниот брак бил прогласен за пропаст поради нејзините неверства. Набрзо станала популарна кај политичките групи кои биле против нејзиниот маж.
 
Софија никогаш порано го немала видено својот сопруг и кога тоа се случило тој не и се допаднал. Големиот војвода бил целиот во лузни и речиси без коса. Сепак, бидејќи тој брак требало да ја доведе на чело на династијата таа покорно прифатила се што и било понудено. Го земала името Катерина Алексеевна и на [[21 август]] [[1745]], кога имала 16 години, со величествена церемонија, стапила во брак со Петар. Според многумина, првата брачна ноќ на новите сопружници им била катастрофална, бидејќи Петар повеќе сакал да си игра со своите војници отколку да се позанимава со својата сопруга.
 
Секогаш била во тек со новостите и случувањата, а контактирала со големите умови во тој период како [[Волтер]] и [[Дидро]]. Во [[1762]] година откако се преселила во новиот Зимски Дворец во [[Санкт Петербург]], Петар дошол на власт како Петар III од Русија, но неговата ексцентрична политика ја отуѓила групата која Катерина ја добила. Григориј Орлов, љубовникот на Катарина, бил еден од водачите на заговорниците кои ја прокламирале Катерина како владетелка. Петар е убиен за помалку од шест месеци од доаѓањето на власт, [[17]] [[јули]] [[1762]] година. Постоел сомнеж дека Катерина била вмешана во убиството, но не се најдени докази.