Данил Хармс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: ситна поправка
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 35:
Во 1930 година, излегле од печат следниве детски дела на Хармс: "''Игра''" (песни) и "''За тоа како тато за мене застрела мал твор''" (песни), додека идната година се појавила и збирката детски песни "''Милион''". Во текот на [[1933]] година, во списанието "Врабец" излегувал циклусот раскази за професорот Трубачкин, а од септември со крајот на годината и романот во писма, напишан заедно со актерката Клаудија Пугачова. Истовремено, Хармс смислувал и теми за сликите во "Врабец". Кон крајот на годината, Хармс започнал да работи на своето философско-книжевно дело "''Постоење''", кое останало недовршено. Во тоа време, своите дела Хармс ги потпишувал со псевдонимот Данил Дандан. Истата година, Хармс бил примен во новоформираниот Сојуз на советските писатели.
 
На [[17 мај]] [[1935]] година, Хармс присуствувал на поменот на Казимир Маљевич, читајќи го својот текст "''При смртта на Казимир Маљевич''", потпишан како Хармс Шардам. Во [[1936]] година, во списанието "Врабец" бил објавен неговиот слободен превод на приказната на [[Вилхелм Буш]] "''Плих и Пљух''", а во списанието излегувале и разни шеги во стихови и проза, потпишани како Карл Иванович Шустерлинг. На [[7 јануари]] [[1937]] година, Хармс го напишал расказот "''Си бил еден лисест човек''...", со кој започнал познатиот циклус "''Случки''". Во март истата година била објавена песната "''Од дома излегол човек''...", a потоа, списанието "Врабец" не објавило ништо од Хармс речиси цела година. Во втората половина на годината, во списанието "Детска книжевност" излегол текстот на Л. Кон "''За хуморот''", во кој биле нападнати списанието "Врабец" и преводот на Хармс на приказната од Вилхелм Буш. Наспроти тоа, во [[1939]] година, во списанието "Детска книжевност" излегол текстот на В. Тренин "''За смешната поезија''", во кој била позитивно оценета поезијата на Хармс и на Веденски. Истата година, Хармс го составил циклусот куси раскази под наслов "''Случки''". Во текот на мај и јуни 1939 година, Хармс ја напишал повеста "Старица".
 
Долго време по неговата смрт, творештвото на Хармс било забрането и заборавено. Дури во [[1953]] година, тој бил рехабилитиран, но со поширока слава се стекнал дури во [[1980]]-тите и [[1990]]-тите години.<ref>Анатолиј Александров, "Данил Хармс - Хронологија на животот", во: Данил Хармс, ''Случаи'', Темплум: Скопје, 2004, стр. 115-125.</ref>