Данил Хармс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: ситна поправка
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 26:
Во [[1927]] година, Хармс се запознал со сликарот [[Казимир Маљевич]] со кого членовите на "Училиштето на јавори" преговарале за можноста за обединување на поетите и сликарите. Во овој период, Хармс бил заинтересиран за основање уметничко друштво и им предлагал на другарите да формираат "Академија на леви класици" со цел да се борат против лажната уметност. Истовремено, тој го подготвувал својот избор на песни под наслов "''Јаворот Данил Иванович Хармс. Управување со нештата. Слободнодостапни песни.''", но овој проект никогаш не бил остварен. Во декември [[1927]] година работел на драмата "''Елисавета Бам''".
 
Во јануари [[1928]] година, била објавена Декларацијата на ОБЕРИУ (Здружение за реална уметност). Истовремено, во Ленинград излегол првиот број на детското списание "Еж" во кое Хармс бил еден од најактивните соработници, објавувајќи десет дела за една година (песните под наслов "''Театар''", расказите "''За тоа како Кољка Панкин леташе во Бразил, а Пеќка Јершов не му веруваше''" и "''Безобразниот пампур''" итн.). Во текот на [[1929]] година, членовите на ОБЕРИУ настапувале низ училиштата и студентските домови во Ленинград, а Хармс ги објавил своите дела за деца: "''Како прво и како второ''" (расказ), "''Иван Иванович Самовар''" (песни) и "''За тоа како старицата купуваше мастило''" (расказ).
 
Во [[1930]] година, во Ленинград започнало да излегува детското списание "Врабец" со кое Хармс, исто така, активно соработувал. Подоцна, главната уредничка на списанието Н. Гернет, во своите сеќавања запишала: