Симо Хајха: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: az:Simo Hayha
Ред 10:
Хајха (Häyhä) ја користеше финската верзија на руската Mosin-Nagant пушка наречена М/28 „Пистикорва” ("Pystykorva") или „Спиц” ("Spitz"), а е пушка на финската [[Бела Гарда]], затоа што му одговараше на малото тело (1.60 m). Претпочиташе да го користи [http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/4d/Visierlinie.jpg железниот нишан] на врвот од пушката наместо [http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2b/Edit_4x_rifle_scope.jpg телескопскиот нишан] за да биде понезабалежлив (снајперистот мора да ја подигне главата кога користи телескопски нишан), за подобра видливост (стаклото на телескопскиот нишан во зимно време лесно се замаглува) и за да му помогне во криењето (одблесокот од сончевите зраци во леќите на телескопскиот нишан може да ја открие местоположбата на снајперистот). Уште една тактика која ја користеше беше стврднување на снегот пред него за при истрел снегот да не се разнесува на сите страни и ја открие неговата местоположба. Исто така ставаше снег во устата за да не издишува, знаејќи дека дури и здивот може да открие каде се наоѓа.
 
Советите се обидоа да го убијат на неколку начини меѓу кои против-снајперски тактики и артилериски напади. На 6 март 1940 год., за време на битка, Хајха беше погоден во левата страна на долната вилица од страна на руски војник и куршумот излегол низ неговата глава. Го спасија неговите соборници кои велат дека му фалела половина глава, но не беше мртов. Ја поврати свеста на 13 март, денот кога беше прогласен мир. Веднаш по војната Хајха беше унапреден од аликерсанти (alikersantti) ([[десетар]]) во [[потполковникпотпоручник]] од страна на [[фелдмаршалот]] [[Карл Густаф Емил Манерхајм]] (Carl Gustaf Emil Mannerheim). Никој во воената историја на Финска не се здобил со толку висок ранг толку брзо.
 
==Животот потоа==